Денес е првиот ден за училишната 2018/19 година па затоа дозволете ми во мое лично име и во име на општина Струга, односно одделението за образование и култура, да Ви изразам најискрени честитки за почетокот на новата учебна година, посакувајќи им многу успех на сите ученици.
Денес е е многу возбудлив ден за првачињата кои за првпат ќе седат во училишните клупи, каде што за прват ќе учат за буквите, бројките, пишување и читање. Посакувам да бидат успешни , а на нивните родители да стигнат да им се радуват на успехот на нивните деца.
Знаењето ,е моќ која ни го осветлува патот до идината, а нашата иднина се нашите деца.
Со среќа.
Со почит,
Др. Рамис Мерко
Градоначалник на Општина Струга