Општина Струга, заедно со советникот Мурат Шабани од село Лабуништа, го посетија Центарот за ран детски развој во село Лабуништа, Струга. Овој проект во вид на градинка – предшколска се продолжи како барање на неколку села во Општина Струга, после завршувањето на пилот – проектот од страна на УНДП. Градонаачалникот на Општина Струга, оправдајќи ја потребата за предшколско образование во неколку села, со само-иницијатива и само финансирање од буџетот на општината ја продолжи работата која беше почната една година порано. Денеска, советникот Мурат Шабани заедно со претставници од Општина Струга доделија училишен материал за децата кои се дел од овој центар. Овој проект нема да заврши тука, ќе се продолжи и со поголеми димензии во иднина.