Рамис Мерко е одликуван од европскиот Комесар Д. Аврамопулос
Денеска во просториите на Општина Струга, Градоначалникот Мерко придружен од страна на неговите соработници ги пречека и имаше состанок со поранешен Градоначалник на Општина Корча г. Деонис Котмило.
Целта на состанокот беше доделување на орденот на Градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко од страна на Европскиот Комесар Д. Аврамопулос за неговиот придонес во консолидација на мирот, стабилноста и борбата против тероризмот во Балканскиот регион.
Поранешен Градоначалник на Општина Корча г. Деонис Котмило како овластено лице од Европската Унија во тек на разговорот ја изјази идејата на организирање на самитот ,, Еуро Балкански Регион,, составен од градовите Струга, Охрид, Битола, Корча и Поградец, со финасирање од ЕУ, каде овие пет градови ќе се развиваат и ќе се движат без бариери исто како во зоната на ЕУ, која ќе се иницира од страна на Градоначалникот на Општина Струга.
Градоначалникот Мерко истакна дека ова ценење ни дава мотивација за работиме уште повеќе во иднината на граѓаните на ова зона. Со работа не се губи, со работа само се победува.
Присутните ги поздрави и Преседателот на Советот г. Ресул Каба кој изрази дека треба многу труд за реализација на овој самит, но каде што има волја од сите страни, тоа ќе биде полесно и изводлива.
Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга