vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

               Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15 129/15 192/15 ,39/16 и 42/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11),Градоначалникот на Општина Струга.

О Р Г А Н И З И Р А

            Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за  локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за изградба на стопански комплекс со намена Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА (Фарма за Кокошки), на КП 1820 КО Корошишта Џепин, Општина Струга.

 

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за (ЛУПД) за изградба на стопански комплекс со намена Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА (Фарма за Кокошки), на КП 1820/2 КО Мислешево – вгр МВ Пашиниште во Општина Струга.

 

  1. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Сектор за урбанизам , комунални дејности, собраќај и заштита на животна средина, во општина Струга секој работен ден од 8-16 часот  почнувајќи од 08.01.2019  до 07.02.2019 година. 
  2. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 01.02.2019 (Петок), во општина Струга, со почеток во 14.30 часот.
  3. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Струга во рок од 30 дена на јавен увид.
  4. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: info@struga.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Струга, ул. Мајка Тереза бб, 6330 Струга.

 

Со почит,

Општина Струга

преземете го документот

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).