Општина Струга во рамките на апликацијата “Струга-Твојата туристичка дестинација”, подготви Список за проверка на План за управување со животната средина за проектот “Струга-Твојата туристичка дестинација”со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за реконструкција и проширување на постојните тротоари и изградба на пешачка и велосипедска патека.
Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.
Јавната расправа по Планот за управување со животната средина ќе се одржи во просториите на општина Струга на 11.02.2020 година со почетокот во 12 часот, се покануваат сите заинтересирани страни да земат активно учество во реализација на овие активности.