Врз основа на член 2-б од Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска силаза примена на Законот за локалната самоуправа за време на водредна состојба („Сл. Весник на РСМ„ бр. 95/20), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 45 (четириесет и пета) седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам 45 (четириесет и петата) седница на Советот на Општина Струга, за 30.09.2020 год. (Вторник) со почеток во 10,оо часот, По пат на комуникациски врски: со употрeба на комуникациски средства (телефон со употрба на интернет комуникација и софтверски алатки )
Седницата ќе работи, по следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
–Записник од 44 -тата седница на Советот на општина Струга,
- Предлог-Статутарна Одлука за измена и дополнување на Статyот на општина Струга.
- Предлог – Деловник за работа на Партиципативното тело од областа на урбанизмот
- Годишен план за вработување на Општина Струга за 2021 година,
- Годишен план за вработување на ЈП „Водовод и Канализација„ – Струга за 2021 година,
- Годишен план за вработување на ЈП „ЕКО – Струга„ – Струга за 2021 година,
- Годишен план за вработување во ООУ „ Браќа Миладиновци„ – Струга, за 2021 година,
- Годишен план за вработување во ООУ „ Гоце Делчев„ – с. Јабланица, за 2021 година,
- Годишен план за вработување во ООУ „ Гоце Делчев„ – с. Подгорци, за 2021 година,
- Годишен план за вработување во ООУ „ Јосип Броз Тито„ – Струга, за 2021 година,
- Годишен план за вработување во ООУ „ Мурат Лабуништи„ – с. Лабуништа, за 2021година,
- Годишен план за вработување во ООУ „ Нури Мазари„ – с. Делогожда, за 2021 година,
- Годишен план за вработување во ООУ „ Орхан Џемаили„ – с. Г. Татеши, за 2021 година,
- Годишен план за вработување во ООУ „ Св. Климент Охридски„ – с. Драслајца, за 2021 година,
- Годишен план за вработување во ООУ „ Зини Хани„ – с. Велешта, за 2021 година,
- Годишен план за вработување во ООУ „ Ашим Агуши„ – с. Радоришта, за 2021 година,
- Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во СОУ „Нико Нестор„ – Струга за учебната 2020/2021.
- Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во СОУ „Др. Ибрахим Темо„ – Струга за учебната 2020/2021.
- Акциони планови за учебната 2020/2021 и Развоен план за училиштето 2020-2024 за СОУ „Др. Ибрахим Темо„ – Струга.
- Годишен план за вработување во ЈПК „ Хигиена„ – с. Лабуништа, за 2021 година,
- Квартален Извештај на ЈП „Комунално„ – Стурга I квартал 2021.
- Барање од Исламска Верска Заедница – Муфтиство – с. Лабуништа,
- Финансиски барање поднесено од лицето Аритон Исмаили,
- Решение за поставување командири на единиците за заштитаи спасување на подрачјето на општина.
- Одлука за Општите акти, што се донесени за плански опфати на урбанистички планови што престанале да се применуваат со влегување во сила на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 163/13).
- Заклучок за настава со физичко присуство од IV-IX одделение во основните училишта .
- Заклучок за настава со физичко присуство за средно училиште.
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба