vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

betvole betlike süpertotobet megabahis trbet

Врз основа на член 46 став (1) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна  Македонија“ Бр.32/2020),  Градоначалникот на Општина Струга на ден 14.10.2020 година,  објавува

ЈАВЕН  ОГЛАС

за формирање  партиципативно тело кое ќе учествува во процесот  на урбанистичкото планирање на подрачјето на општина Струга

                 1. Предмет на овој јавен повик е: Формирање  партиципативно тело за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање за подрачјето на општина Струга.

               Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

              Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на Eдиницата на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општината.

                2. Услови за учество: Пријава по овој јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината Струга, што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

            3. Документи кои се поднесуваат:

  • Пријава за член на партиципативно тело за подрачјето на општина Струга (образецот е во прилог на повикот),
  • Кратка автобиографија,
  • Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на повикот),
  • Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на повикот).
  • Релевантен писмен доказ за исполнување на условите за учество од точка 2 на огласот (копија) 

             4.Рок и место на поднесување на пријави: Пријавите по јавниот оглас со комплетната документација можат да се поднесат преку пошта на адреса: Општина Струга ул. Маршал Тито бб или во едношалтерска канцеларија на општина  Струга во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

На пријавата да се наведе: „Пријава по јавен оглас за формирање на партиципативно тело за подрачјето на општина Струга

             5.Обврски на членовите на партиципативното тело: Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на партиципативното тело е јавна.

Членовите на партиципативното тело согласно Законот за урбанистичко планирање, не ги следува надоместок за вршењето на работа.

            6.Начин на работа: Начинот на работа и бројот на членови на партиципативното тело се уредуваат во Деловникот на партиципативното тело што го донесува Советот на единицата на локалната самоуправа, при што бројот на граѓански членови на партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен.

ОБРАЗЕЦ

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).

Balikesir escort Aydin escort Muğla escort Kahramanmaraş escort Yozgat escort Giresun escort Didim escort Çorum escort Erzurum escort Zonguldak escort Sivas escort Düzce escort Tokat escort Osmaniye escort Kutahya escort Mardin escort Fethiye escort Ordu escort Alanya escort Pendik escort Sarıyer escort Edremit escort Sinop mutlu son