vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Годишен План за спречување на корупцијата на Општина Струга за перодот 2021 -2022 година

УВОД

Општина Струга, во функција на продолжување на борбата против корупцијата  и судирот на интереси, го изработи овој  програмски документ во кој се апострофирани значајни компоненти , кои треба да се спроведат во тековната 2021 година. и  наредната 2022 година.

Програмскиот документ  ги утврдува приоритетните  цели како и мерките и активностите што општина Струга  што треба да ги преземе за нивна реализација и креирање на соодветни политики  кои треба да дадат резултати при постигнувањето на целите на оваа програма.

Под  поимоткорупција,  се подразбира злоупотреба на функцијата, јавното овластување, службената должност или положба за остварување на корист, директно или преку посредник, за себе или за друг.

    Поимот корупција, ги опфаќа и поимите на:

–             пасивна корупција – намерно делување на службено лице, кое директно или преку посредник, бара или прима корист од каков било вид, за себе или за трето лице, или прифаќа ветување на ваква корист, со цел да делува или да се воздржува од делување во согласност со своите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на службените обврски и

–             активна корупција – намерно делување на кое било лице кое директно или преку посредник, ветува или дава корист од каков било вид на службено лице, за него или за трето лице, со цел да делува или да се воздржува од делување во согласност со неговите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на службените обврски.

Под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности.

      Секој е должен во вршењето на функцијата, јавните овластувања и службената должност да постапува во согласност со Уставот и со законите.

    Никој не смее да ја користи функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување или пропуштање на дејствие што според закон не смее, односно мора да го изврши, ниту да го подреди извршувањето на законито дејствие на својот личен интерес, ниту на интересот на друго лице.

      Никој не може да биде повикан на одговорност за корупција освен во случаите и условите предвидени со овој закон, со Кривичниот законик и друг закон и во постапка пропишана со закон.

     Секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување и службената должност да постапува совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно.

    Службеното лице во извршувањето на јавните овластувања и должности е должно да ги почитува начелото на законитост, начелото на еднаквост, начелото на јавност, етичките норми и професионалните стандарди, без дискриминација или повластување на кој било со целосно почитување на јавниот интерес.

    Службеното лице во вршењето на својата функција е должно да внимава на eвентуален судир на интереси и при извршувањето на јавните овластувања и должности не смее да се раководи од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од  притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице.

     Вршењето на власта, функцијата, јавните овластувања, службената должност и работите од јавен интерес се јавни и подложни на јавна контрола.

     Никој не може да се повика на примена на закон или друг пропис со кој ќе се ограничи или исклучи јавноста за да се прикрие корупција или судир на интереси.

      Секој има право да пријави сомневање или сознание за корупција и да биде заштитен согласно со закон.

ЦЕЛИ НА ГОДИШНИОТ ПЛАН

Годишниот План  треба да придонесе да се намали нивото на корупција и да се обезбеди повисока јавна доверба кон работата на локалната самоуправа, како и зголемување на интегритетот, транспаренстноста и отчетноста во сите сектори на општинската администрација.

Годишниот план може да се реализра преку исполнување на следните цели:

  1. Спроведување на надлежностите на општината на законит, транспарентен, етички, економичен, одговорен и ефективен начин

Професионалниот и политички неутрален јавен сектор кој делува на правилен, транспарентен, етички, економичен, отчетен и ефективен начин е основното начело за спречување на корупцијата и јакнење на довербата на јавноста.

  • Обезбедување на интегритет и транспарентност при вработувањето во општинската администрација, во согласност со  системот  на вредности и критериуми за квалитет

Правична, заснована врз заслуги и деополитизирана политика за човечки ресурси е основа за градење компетентен и професионален администрација. При вработувањето, потребно е да се почитуваат сите пропишани процедури, да се вклучат што повеќе мерливи критериуми за проценка на кандидатите во постапка за избор, да се намали дискреционата моќ на функционерот  кој избира и да се направи постапката целосно транспарентна.

  • Јакнење на надзорните и контролните механизми

За правилно спроведување на донесениот закон, како и за спречување на неправилности и изнаоѓање на решенија за корупцијата, неопходно е зајакнување на механизмите за контрола и инспекција, подобрување на правната рамка и финасиските, човечките и материјалните ресури, како  и зајакнување на знаењата и вештините на вработените и нивната отпорност кон корупцијата.

  • Целосна дигитализација на општинската администрација.

Дигитализацијата на сите сектори на јавни услуги и нејзиното постојано подобрување, ја подобрува ефикасноста и пристапноста при испораката на јавните услуги, ги забрзува процесите, гo намалува човечкиот контакт и можностите за корупција, овозможува висока транспарентност на сите нивоа, ја подобрува интеракцијата помеѓу граѓаните и власта и консултативните процеси, и ги олеснува контролите, анализата на податоци и откривање на корупција.

  • Нулта  корупција  во јавните набавки

За да се заштитат јавни ресурси вклучени во јавните набавки да се добие најдобрата вредност за јавните трошоци, да се обезбеди фер конкуренција во постапките и правичен третман на понудувачите, неопходно е да се постигне највисоко ниво на транспарентност на процесите, подобрување на современитеелектронски системи, континуирано вложување напори во образованието на човечките ресурси и нивниот интегритет, како и да се охрабри пријавувањето на неправилностите и да се надгледува сèвкупниот процес, вклучително и контролите за спроведување на склучените договори.

  • Подигнување на јавната свест и спроведување на антикорупциска едукација

Подигањето на свеста за атикорупција и етика е неопходно во сите сегменти на општеството бидејќи информираната личност со интегритет е клучна во борбата против корупцијата. Покрај активности за општа свест, целните групи треба периодично да се обучуваат разбирање на штетните последици од корупцијата, антикорупциските алатки и етиката.

  • Вклучување на граѓанското општество и медиумите во борбата со корупцијата

Непходно е да се поттикне развојот на граѓанското општество како контролор на регуларноста на работата на властите, но и како партнер во формулирањето и спроведувањето на антикорупциските политики. За да можат невладините организации и медиуми успешно да ја извршуваат оваа важна општествена улога, или самите да не станат генератори на корупција, потребно е систематски да се градат високи стандарди на нивниот интегритет, професионализам и транспарентност.

Овластено лице за прием на пријави од укажувачи за Општина Струга
Ерканда Баута моб: 078-427-158

АКЦИСКИ ПЛАН

Р Е Ш Е Н И Е

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).