vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Во согласност со Одлуката на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања при Советот на Општина Струга бр.0811-545/2 од 09.02.2022 година, за што поголема транспарентност и отчетност на јавните претпријатија, а во согласност со член 17 и член 23 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19), Општина Струга, во својство на основач, објавува

КОНКУРС

-за членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Комунално“ – Струга (7 лица);

-за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие „Комунално“ – Струга (5 лица);

-за членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Водовод и Канализација“ – Струга (7 лица);

-за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие „Водовод и Канализација“ – Струга (5 лица);

-за членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Еко Струга“ – Струга (5 лица);

-за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие „Еко Струга“ – Струга (5 лица);

-за членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Хигиена“ – с.Лабуништа (5 лица);

-за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие „Хигиена“ – с.Лабуништа (3 лица);

-за членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Октиси“ – с.Октиси (5 лица);

-за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие „Октиси“ – с.Октиси (3 лица);

-за членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Водовод Делогожда“ – с.Делогожда (5 лица);

-за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие „Водовод Делогожда “ – с.Делогожда (3 лица).

Кандидатот за член на Управен одбор, односно Надзорен одбор, мора да ги исполнува следните услови:

-да е државјанин на Република Северна Македонија

-да е жител на Општина Струга

-да има стекнато најмалку 24о кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование

-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност и

-да има минимум три години работно искуство.

Времетраењето на мандатот на членовите на Управниот, односно Надзорниот одбор, не може да биде подолг од четири години.

Се поттикнуваат кандидатите што ги исполнуваат наведените услови, покрај наведените законски потребни документи, да достават соодветно мотивациско писмо (во слободна форма) и кратко CV (кратка биографија) во затворен плик со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“ и „ЗА КОНКУРС ЗА УПРАВЕН ОДБОР“, односно „ЗА КОНКУРС ЗА НАДЗОРЕН ОДБОР“ со назнака за кое претпријатие, во Архивата на Општина Струга, во рок од 8 дена од објавувањето на овој оглас.

Советот на Општина Струга, во име на општината како основач, ќе изврши соодветен избор од пријавените кандидати и најадекватните ќе ги именува за членови на Управен, односно Надзорен одбор во јавните претпријатија.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).