Почитувани,
Во рамките на проектот „Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство – КУЛТУР“, финансиран од ЕУ – IPA/2021/429-005, во врска со имплементација на предвиденaта активност Зајакнување на капацитетите на туристичките провајдери и оператори во општините Струга и Поградец ќе се одржат низа на работилници за одржливиот туризам со следниве теми:
РАБОТИЛНИЦА 4: ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ ИМА ТУРИСТИЧКИ БИЗНИС ВО УНЕСКО РЕГИОН- 25.09.2023г. Понеделник
РАБОТИЛНИЦА 5: ШТО Е ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ И КАКО ДА СОЗДАДЕТЕ ТУРИСТИЧКО ИСКУСТВО ВО УНЕСКО РЕГИОН- 26.09.2023г.-Вторник
Работилниците ќе се одржуваат во Сала на Совет на Општина Струга со почеток 10:00 часот.
Во прилог на овој меил, ви доставуваме покана и агенди за претстојните работилници.
За сите дополнителни прашања слободно контактираjте не.
Со почит,