Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Гадоначалникот на општина Струга, на 20.09.2023 година, донесе:
Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена
1 .За Планска програма за изработка на Измена и дополна на Генерален урбанистички план (ГУП) на Град Струга за Блок 8 од УЕ 2 (плански период 2023-2033) и Детален урбанистички план (ДУП) во УЕ 2, дел од Блок 8.1, Општина Струга (Плански период 2023-2028), кој го донесува Советот на општина Струга потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
- Како органи засегнати од имплементација за изработка на Измена и дополна на Генерален урбанистички план (ГУП) на Град Струга за Блок 8 од УЕ 2 (плански период 2023-2033) и Детален урбанистички план (ДУП) во УЕ 2, дел од Блок 8.1, Општина Струга (Плански период 2023-2028), се определуваат следните субјекти:
Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За изработка на Измена и дополна на Генерален урбанистички план (ГУП) на Град Струга, за Блок 8 од УЕ 2 (плански период 2023-2033) и Детален урбанистички план (ДУП) во УЕ 2, дел од Блок 8.1, Општина Струга (Плански период 2023-2028), за чија изработка е одговорен ,, ТАЈФА АРХИТЕКТИ ДООЕЛ,, КУМАНОВО а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска програма за изработка на Измена и дополна на Генерален урбанистички план (ГУП) на Град Струга за Блок 8 од УЕ 2 (плански период 2023-2033) и Детален урбанистички план (ДУП) во УЕ 2, дел од Блок 8.1, Општина Струга (Плански период 2023-2028),ќе има влијание врз животната средина.
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
- Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.