Врз основа на член 2-б од Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила примена на Законот за локалната самоуправа за време на водредна состојба („Сл. Весник на РСМ„ бр. 95/20), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 42 ( четириесет и втора) седница на Советот на општина Струга–
Ја свикувам 42 (четириесет и втората ) седница на Советот на Општина Струга, за 30.06.2020 год. (вторник) со почеток во 12,оо часот, По пат на комуникациски врски: со употрeба на комуникациски средства ( телефон со употрба на интернет комуникација и софтверски алатки )
Седницата ќе работи, по следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
-Записник од 41 – вата седница на Советот на општина Струга,
- Одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување и наплата на комунална такса,
- Тарифник за утврдување на висината на надоместокот за користење на објектите за спорт на подрачјето на општина Струга.
- Предлог-Одлука за времен прекин на донесување и спроведување на УП и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.
- Прифатена Иницијатива за изработка на Урбанистички Проект вон населено место со намена за формирање на градежна парцела на кп. бр. 584/3 и дел од кп. бр. 578/3 со намена А4 – КО Радожда – Општина Струга.
- Прифатена Иницијатива за изработка на Урбанистички Проект вон населено место со намена А4 – времено сместување за кп. бр. 193 КО – франгово – вон. гр. – Општина Струга.
- Прифатена Иницијатива за изработка и дополнување на Детален Урбанистички план УЕ – 11, дел од Блок 2, опфат 3,4 и 5 – Општина Струга.
- Програм за работа на ЈП „Водовод и Канализација„ – с. Делогожда, за 2020 година.
- Квартален Извештај на ЈП „Водовод и Канализација„ – с. Делогожда IV квартал 2019.
- Квартален Извештај на општина Струга за I квартал 2020 година
- Квартален Извештај на ЈП „Октиси„ – с. Октиси I квартал 2020.
- Квартален Извештај на ЈП „Комунално„ – Стурга IV квартал 2019.
- Одлука за ослободување од надоместок за уредување на градежно земјиште за Објект во сопственост на Муфтиштво -Струга,
- Одлука за ослободување од надоместок за уредување на градежно земјиште за Објект во сопственост на Џамија во с. Лабуништа,
- Одлука за ослободување од надоместок за уредување на градежно земјиште за Објект во сопственост на Џамија во с. Делогожда,
- Одлука за ослободување од надоместок за уредување на градежно земјиште за Објект во сопственост на Црквата Св. Ѓорѓи- Струга,
- Одлука за Музичко училиште
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател, Ресул Каба