vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

betvole betlike süpertotobet megabahis trbet

Известување

Почитувани граѓани на Општина Струга,

Градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко заедно со Координативниот совет на денешната средба разговараа за економските потешкотии предизвикани од КОВИД 19. Cо оглед на тоа што многу семејства се во изолација и не се во можност да заработат или немаат никакви приход, се одлучи да им се помогне на семејствата кои имаат потреба од социјална помош, доделувајќи им пакети со храна. На иницијативата на градоначалникот се приклучија и неколку локални бизниси кои изразија подготвеност да помогнат.

Сите граѓани кои имаат потреба од ваквата помош, јавете се на директорот на ЈП Водовод и Канализација Струга Јетон Шаќири, на бројот 078 500 151.

Заедно ќе успееме.
#седидома #спасиживот

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Долгоочекуваниот вест за почеток на преговорите со Европската унија

Почитувани граѓани,

Во овие тешки денови, би сакал да ја споделам со вас радоста за долгоочекуваната вест за почеток на преговорите со Европската унија. Денес сме поблиску од кога било досега до долгоочекуваната иднина, до остварување на целите и соништата за кои работевме толку многу години.

Се надевам дека наскоро ќе добиеме уште подобри вести.

Бог да ве заштити вас и вашите семејства.

Со почит,
Градоначалник на Општина Струга
Д-р Рамис Мерко

A K T V E N D I M Për konvokimin e mbledhjes së 39 (tridhjetë e nëntë ) të Këshillit të Komunës së Strugës

      Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување  39 (триесет и девета) седница на Советот на општина Струга

 

 

Ја свикувам 39 (триесет и деветата) седница на Советот на Општина Струга, за

13.03.2020 год. (петок) со почеток во 13:оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

 

Седницата ќе работи, по следниот

 

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Годишна Сметка на Буџетот на општина Струга за 2019 година.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА

Претседател,

Ресул Каба

 

Материали од 39-ма седница

 

Општина Струга потпиша Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски

Вчера градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко потпиша Меморандум за соработка со министерот за транспорт и врски г.Горан Сугарески, со цел да се обезбедат средства за изградба и поправка на локални патишта, како и на друга патна инфраструктура.

Проектот ќе се финансира со средства од Светска Банка, каде што 70 илјади евра ќе им се доделат на околу 80 општини, врз основа на проектите и потребите на општините.

Општина Струга успеа да обезбеди околу 1.1 милиони евра за финансирање на општинсиките проекти, односно за реконструкција и изградба на локалната патна инфраструктура за периодот 2020-2024 година.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Решение за свикување 38 (триесет и осма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 38 (триесет и осма) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 38 (триесет и осмата) седница на Советот на Општина Струга, за 27.02.2020 год. (четврток) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

-Записник од 37 -тата седница на Советот на општина Струга

1. Предлог Одлука за давање гаранција за заем на ЈП „ Комунално„ – Струга,
2. Предлог – Одлука за обезбедување средстава за израдба на стационар за кучиња скитници,
3. Предлог – Одлука за отпис на застарени долгови за користење на вода на ЈП „Водовод и канализација„ – Струга.
4. Одлуказа усвојување на извештајот на пописната комисија на Општина Струга со состојба на ден 31.12.2019.
5. Одлука за расход и отуѓување на движни ствари (основни средства и инвентар) на извршен попис на листа од 2019 година.
6. Програма за изградба на спортска сала од 1500 м2 на КП 2934 КО Струга,
7. Извештај за работа на ЈПК „Хигиена„ – с.Лабуништа IV квартал 2019 година.
8. Извештај за работа на ЈП ,,Еко Струга” –Струга, IV квартал 2019.
9. Одлука за поднесување апликација за проект промоција за туризмот INTERREG IPA CBC Greece – Република Северна Македонија 2014 – 2020.
10. Одлука за усвојување на Стратегија за развој на туризмот на општина Струга 2019-2023,
11. Дополнување на Годишен план за вработување на општина Струга за 2020 година.
12. Решение за запирање на објавување на пропис донесен од Советот на општина Струга,
13. Одлука за ослободување од надоместок за уредување на градежно земјиште за објект во рамките на џамија во с.Лабуништа.
14. Одлука за утврдување потреба од донесување на на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Шефќет Алуши во КО Струга.
15. Одлука за утврдување потреба од донесување на на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Неим Ајро во КО Радолишта.
16. Одлука за утврдување потреба од донесување на на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Рахмани Фитни во КО Долно Татеши.
17. Одлука за утврдување потреба од донесување на на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Валмир Даути во КО Радолишта.
18. Одлука за утврдување потреба од донесување на на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Велиу Рами КО Струга
19. Одлука за утврдување потреба од донесување на на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Сурија Лога во КО Мороишта.
20. Одлука за утврдување потреба од донесување на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Севди Села од Жепин.
21. Одлука за утврдување потреба од донесување на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Разме Матлиоски од с. Мороишта.
22. Одлука за утврдување потреба од донесување на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Ибраим Бајрамоски од с. Подгорци.
23. Одлука за утврдување потреба од донесување на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Аријан Истрефи од с. Велешта.
24. Советнички прашања.

Материали од 38-ма седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

ОБЈАВА

Општина Струга во рамките на апликацијата “Струга-Твојата туристичка дестинација”, подготви Список за проверка на План за управување со животната средина за проектот “Струга-Твојата туристичка дестинација”со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за реконструкција и проширување на постојните тротоари и изградба на пешачка и велосипедска патека.

Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.

Јавната расправа по  Планот за управување со животната средина ќе се одржи во просториите на општина Струга на 11.02.2020 година со почетокот во 12 часот, се покануваат сите заинтересирани страни да земат активно учество во реализација на овие активности.

 

Преземете ги материјалите за апликација

ЈАВЕН ПОВИК за доделување финансиски средства на спортски клубови,  граѓански организации од област на култура и граѓански организации и фондации

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 74, став 3 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр. 17/02, 30/03), а во врска со член 6 од Одлуката за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга на организации од областа на спортот, културата, социјалната заштита и невладиниот сектор бр. 07 – 1842/9 од 20.06.2012 година, Градоначалникот на Општина Струга , објавува:

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување финансиски средства на спортски клубови,  граѓански организации од област на култура и граѓански организации и фондации

Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на култура преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации.

Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга според Законот за здруженија на граѓани и фондации.

  1. Повик за доделување на финансиски средства на организации од областа на спортот и организации од областа на култура.

Организациите од областа на спортот  и организациите од областа на култура аплицираат за добивање на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга со поднесување на нивната годишна програма.

Општи услови кои треба да ги исполнат организациите се :

  • Да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација.
  • Да дејствуваат на територија на Општина Струга
  • Остварувањето на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на Република Македонија.

Посебни критериуми за учество на јавниот повик кои треба да ги исполнат организациите од областа на спортот/спортските клубови се :

  • Да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт.
  • Да поднесуваат годишна програма на активности и истата да биде реализирана.
  • Да организираат и спроведуваат систем на натпревари.
  • Да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри.
  • Да се грижат за унапредување на младите
  • Да не вршат политичко и верско организирање и дејствување
  • Спортските клубови да имаат решение од Агенцијата за млади и спорт на РМ за вршење на дејност спорт

Посебни критериуми за учество на јавниот повик кои треба да ги исполнат организациите од областа на културата се :

  • Да поседуваат програма за работа со позначајни активности и приоритети.
  • Да се вклучат и поддржат активности и манифестации организирани од страна на Општина Струга,
  • Со својата работа да придонесуваат кон промоцијата на културата и културните вредности на Општина Струга.

При поднесувањето на барање за доделување на средства од буџетот на Општина Струга, организациите од областа на спортот и организациите од областа на културата треба да поднесат  :

  • Годишна програма за работа за 2019 година
  • Барање за доделување на финансиски средства кое треба да биде потпишано и заверено со печат од страна на овластеното лице на организацијата. Барањето треба да ги содржи основните податоци на организацијата ( Полн назив на организацијата, седиште, даночен и матичен број , жиро сметка )
  • Копија од статутот на организацијата.

Барањето треба да се поднесе во архивата на Општина Cтруга во запечатен плик. На пликот треба да стои назнака „По јавен повик за доделување на финансиски средства организации од областа на спорт и култура“ и „Не отворај!“ непотполни барања  или барања напишани на рака нема да бидат земени во предвид.

Рокот за поднесување на барањето за доделување на средства од буџетот на Општина Струга е 10  дена по објавување на јавниот повик.

  1. Повик за доделување на финансиски средства наменети за финансирање на проектни активности на здруженија на граѓани и фондации.

Граѓанските организации поднесуваат проектни апликации во дадената пријава која е дел од овој јавен повик .

Приоритетни области за финансирање на проекти од овој јавен повик се :

  • Образование
  • Млади
  • Социјална Заштита
  • Туризам
  • Развивање на меѓуетнички односи и соработка
  • Заштита на животна средна и заштита на животни

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнат здруженијата  :

  • Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации со седиште во Општина Струга .
  • Да не им е изречена мерка Забрана за вршење на дејност
  • Да имаат поднесено извештај за користење на средства од буџетот на Општина Струга за претходната година ( доколку користеле средства)

Покрај образецот за пријавување, формуларот за буџет и временска рамка (дадени во прилог на јавниот повик) кои треба да бидат потпишани и заверени со печат од страна на овластеното лице на здружението или фондацијата, здруженијата треба  да ги достават и следните прилози :

  • Фотокопија од решението за регистрација
  • Фотокопија од Статутот на здружението

Евалуацијата и изборот од пристигнатите апликации ќе го врши комисија за евалуација според критериумите дадени во Табела 1.

 

 

Критериум Вредност на бодови
1.Стручност, искуство и компетентност на апликантот во спроведување на проектната активност 25
2.Придонес на проектот кон реализацијата на стратешките цели на општината 20
3. Усогласеност со надлежностите на општината 20
4. Реален буџет и оправданост на трошоците 20
5. Процент на учество на апликантот во проектниот буџет 10
6. Вклученост на други општински институции, граѓански организации или граѓани 5

Табела 1

 

Учеството може да биде изразено во финансиски средства, опрема работна сила или друг вид на придонес.

Здруженијата на граѓани и фондации можат да поднесат само една пријава за финансиска поддршка за проект

Активности на одбраните проекти треба да се реализираат до 31.12.2019 година

Рокот за поднесување на барањето за доделување на средства од буџетот на Општина Струга е 10 дена по објавување на јавниот повик.

Пријавите треба да бидат поднесени во пропишаниот образец за пријавување во општинската архива. На пликот треба да стои „ По јавен повик за доделување на финансиски средства наменети за финансирање на проектни активности на здруженија на граѓани и фондации. “ и „Не отворај!“непотполни апликации, апликации кои не се поднесени во пропишаните обрасци за пријавување  или апликации напишани на рака нема да бидат земени во предвид.

Доставените прилози не се враќаат.

Организациите добитници на средства ќе бидат известени поединечно а листата на сите организации кои биле избрани за финансирање ќе биде објавена на веб страната на Општина Струга.

 

Критериуми за Реализација на проектот и користење на грантот :

  • Организацијата треба да го реализира проектот во временската рамка наведена проектната апликација , сите трошења кои се направени по завршување на рокот за реализација нема да бидат признаени.
  • Одобрените средства носителот мора да ги користи во согласност со Уставот и Законите на Република Македонија и не смее да оствари профит при реализацијата на активностите.
  • Организацијата се обврзува доделените финансиски средства да ги користи во целост за намената за која се доделени, а во случај да престанала потребата или условите за искористување на средствата, организацијата е должна веднаш да ги врати на Општината.
  • Организацијата има обврска во сите свои печатени материјали и јавни настапи поврзани со проектот кој што е предмет финасирање, да наведе дека е поддржан од Општината. На печатените материјали или на веб страницата , на видливо место, треба да биде печатените материјали
  • Општината го задржува правото за вршење на контрола за начините на користење на доделените финансиски средства преку контрола на документите и начинот на реализацијата на активностите во седиштето на Носителот или во местото на реализацијата на активностите, како и преку барање на дополнителни информации и појаснувања кон извештаите.
  • Доколку при контрола се утврдат злоупотреби при трошењето на доделените финансиски , Општина Струга ќе поведе соодветна постапка пред надлежните институции и ќе побара враќање во целост на доделениот износ.
  • Во случај на злоупотреба на доделените финансиски средства или нивно користење спротивно на намената организацијата губи право во иднина да аплицира на огласите објавени од страна на Општина Струга.
  • Неискористениот износ носителот е должен да го врати на Општина Струга

 

 

Финасиско и наративно известување за реализација на проект.

 

Носителот по завршувањето на проектот се обврзува на општината да и достави целосен завршен извештај (наративен и финансиски) најдоцна 15 дена по датумот за завршување на проектните активности наведен во договорот за финасирање.

Организациите се обврзуваат наративниот и финансискиот извештај да ги достават во соодветната пропишана форма.

  • Кон наративниот извештај се приложуваат пропратни анекси како слики,медиумски записи, печатени материјали, листи на присутни и сл.
  • Кон финансискиот извештај треба да се приложат копии од сите фактури, сметки за трошоци, налози за плаќање и изводи од сметката наменета за овој проект.

Општината го задржува правото да побара доставување на почести или дополнителни финансиски извештаи како и да изврши ненајавена посета на организацијата и да изврши контрола во проектната документација за време на периодот на имплементација на проектот наведен во договорот за финансирање.

Преземете ги материјалите за апликација 

ОПШТИНА СТРУГА

Градоначалник,

Д-р Рамис Мерко

 

Решение за свикување 37 (триесет и седма ) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

 

Р Е  Ш Е Н И Е

 

За свикување 37 (триесет и седма ) седница на Советот на општина Струга

 

 

      Ја свикувам 37 (триесет и седмата ) седница на Советот на Општина Струга, за 28.01.2020 год.   (Вторник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

    Седницата ќе работи, по следниот

 

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

– Записник од 36 -тата седница на Советот на општина Струга

 

  1. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струга за 2020 година,
  2. Предлог -Програма за Локален Економски Развој на општина Струга за 2020 година,
  3. Предлог -Програма за животна средина на општина Струга за 2020 година,
  4. Програма за работа на Одделение за соработка со Месни заедници за 2020 година
  5. Правила за работа на месните заедници во општина Струга,
  6. Предлог – Одлука за поставување урбана опрема на општина Струга за 2020 година,
  7. Предлог – Правилник за определување локации за поставување на урбана опрема на општина Струга за 2020 година,
  8. Предлог – Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Струга за 2020 година,
  9. Предлог – Одлука за утврдување и наплата на комунална такса,
  10.  Програма за работа на ЈП „Водовод и канализација „ – Струга за 2020 година,
  11.  Квартален Извештај на МJП „Проаква„- Струга, (ЈП ВОдовод и канализација „ – Струга) трет квартал /2019.
  12.  Предлог -Решение за именување членови на Управен одбор на ЈП „Водовод и Канализација „ – Струга.
  13. Предлог -Решение за именување членови на одбор за матерјални финансиско работење на ЈП „Водовод и Канализација „ – Струга
  14. Програма за работа на ЈП „Октиси„- Октиси за 2020 година
  15. Квартален Извештај на ЈП „Окиси„- Октиси за четврт квартал 2019 година,
  16. Програма за работа на ЈП „EKO – СТРУГА„- Струга за 2020 година
  17. Предлог Одлука за давање гаранција за заем на ЈП „ Комунално„ – Струга,
  18. Предлог Одлука за давање на користење на недвижна ствар ,
  19. Предлог -Одлука за давање согласност на Статутот на ООУ „ Единство„- с. Октиси,
  20. Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Мурат Лабуништи„- с. Лабуништа,
  21. Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Гоце Делчев„- с. Подгорци,
  22.  Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Свети Климент Охридски„- с. Драслајца,
  23.  Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Гоце Делчев„- с. Јабланица,
  24.  Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Зини Хани„- с. Велешта,
  25.  Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Јосип Броз Тито„- Струга,
  26.  Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Браќа Миладиновци„- Струга,
  27.  Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Орхан Џемаили„- с. Татеши,
  28. Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Нури Делогожда„- с. Делогожда,
  29. Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Ашим Агуши„- с. Радолишта,
  30. Извештај за реализација на Програмата за изградба, одржување и заштита на локални патишта на општина Струга за 2019 година,
  31. Извештај за потрошените средства за одржување на градската депонија,
  32. Барање финанциски помош за лицето Димитар Колоски,
  33. 33. Иницијатива за основање на музичко училиште,
  34. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот на Бирото за регионален развој за 2020 во подмерка специфични подрачја,
  35. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот на Бирото за регионален развој за 2020 во подмерка развој на села.

Материали од 37-тата седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Професорот и историчарот Бернд Јурген Фишер во посета на Општина Струга

Денес во просториите на Општина Струга, шефот на кабинетот г. Дашмир Насуфи заедно со Претседателот на Општинскиот совет г.Ресул Каба го пречекаа г. Бернд Ј.Фишер, историчар и професор по историја во Универзитетот на Индијана – Универзитетот Пурдуе Форт Вејн истовремено и советник на албанското кралско семејство.

Средбата беше пријателска и од информативен карактер, со тоа што г. Фишер сподели дел од своето искуство како советник на кралското семејство и како историчар со посебен интерес во периодот кога владеел кралот Зог.

По посетата на Општина Струга и Меѓународниот Универзитет на Струга, г. Фишер задоволен од приемот, вети дека повторно ќе ја посети Струга во блиската иднина.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Решение за свикување 36 (триесет и шеста) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 36 (триесет и шеста) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 36 (триесет и шеста) седница на Советот на Општина Струга, за 30.12.2019 год. ( Понеделник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

-Записник од 34 -тата седница на Советот на општина Струга
-Записник од 35-тата вонредна седница на Советот на општина Струга.
– Ново Годишно обраќање на Градоначалникот на Општина Струга.
1. Предлог – Буџет на општина Струга за 2020 година
2. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на општина Струга за 2020 година
3. Благајнички максимум на сметката на општината за 2020 година
4. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за основните општински училишта за 2020 година
5. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за средните општински училишта за 2020 година
6. Предлог -Програма за работата на Советот на општина Струга за 2020 година
7. Предлог-Програма за јавна чистота на општина Струга за 2020 година
8. Предлог – Програма за локални патишта на општина Струга за 2020 година
9. Предлог – Програма за уредување на градежно неуредено земјиште за 2020 година
10. Предлог -Програма за изработка на урбанистички планови за 2020 година.
11. Предлог – Програма за изградба на сообраќајна сигнализација на општина Струга за 2020 година.
12. Предлог – Програма за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите за 2020 година.
13. Предлог -Програма за одбележување на значајни настани и личноси за општина Струга за 2020 година.
14. Предлог -Програма за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2020 година.
15. Програма за работата на ЈП „Комунално „ – Струга за 2020 година.
16. Квартален Изветај на ЈП „Комунално„ – Струга III квартал 2019,
17. Програма за работата на ЈПК „Хигиена„ – с. Лабуништа за 2020 година,
18. Квартален Изветај на ЈПК „Хигиена„ – с. Лабуништа III квартал 2019,
19. Решение за запирање на објавување на пропис донесен од Советот на општина Струга.
20. Предлог -Решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ„ Единство„ – Октиси
21. Предлог -Решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ„ Ашим Агуши – Радолишта
22. Предлог -Решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ„ Зини Хани – Велешта
23. Предлог -Решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ„ Мурат Лабуништи – Лабуништа
24. Предлог -Решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ „Гоце Делчев „ Јабланица
25. Предлог -Решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ„ Гоце Делчев” Подгорци
26. Предлог -Решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ„ Орхан Ѓемаили Татеши
27. Предлог -Решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ„ Нури Мазари„ -Делогожда
28. Предлог -Решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ„ Браќа Миладиновци – Струга.
29. Барање Финанциски средства за лицето Ирена – Лазареска.
30. Исправка на техничка грешка на ДУП за дел од УЕ – 4 Блок 15 – Општина Струга.

Материали од 36-тата седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Balikesir escort Aydin escort Muğla escort Kahramanmaraş escort Yozgat escort Giresun escort Didim escort Çorum escort Erzurum escort Zonguldak escort Sivas escort Düzce escort Tokat escort Osmaniye escort Kutahya escort Mardin escort Fethiye escort Ordu escort Alanya escort Pendik escort Sarıyer escort Edremit escort Sinop mutlu son