vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Решение за свикување 9 (девета) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), донесувам

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 9 (девета) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 9-тата седница на Советот на Општина Струга, за 14.05.2018 год. (Понеделник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

    – Записник од 8 – мата седница на Советот на општина Струга.

  1. Извештај за состојбите на крајбрежниот појас изготвен од Секторот за инспекциски надзор-Инспекторат,
  2. Предлог Програма за измена и дополнување на програмата за работа од областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на општина Струга за 2018 година,
  3. Предлог –Решение за формирање комисија за односи меѓу заедниците,
  4. Предлог – Решение за формирање Совет за заштита на потрошувачите,
  5. Предлог – Решение за формирање Совет за превенција на детско престапништво
  6. Предлог – Решение за формирање Совет за јавно здравје,
  7. Предлог – Решение за формирање Совет за млади,
  8. Предлог – Решение за формирање општински Совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата-Струга
  9. Предлог Решение за именување Управен одбор на ЈП „Еко-Струга„ Струга
  10. Квартален Извештај  на општина Струга за   I квартал 2018 година
  11. Извештај за работата на ЈП Комунално -Струга IV квартал 2017 година
  12. Извештај за работата на ЈП Комунално -Струга за 2017 година.
  13. Годишен план за вработување на ЈП Комунално -Струга за 2019 гоодина.
  14. Годишен план за вработување на ЈКП Хигиена -Лабуништа  за 2019 гоодина
  15. Одлука за утврдување пазаришна такса при дотур на земјоделски производи на пазарот.
  16. Предлог за промена на договор за јавно приватно партнерство
  17. Расправа за неспроведување на заклучокот донесен од Советот на општина Струга од страна на МЈП Проаква Струга, со предлог мерки.
  18. Раправа за сузбивање на лица кои вршат питачење на подрачјето на општина Струга, со Предлог план
  19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената подднесено од Пајазит Ќазимоски од Октиси.
  20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената подднесено од ЈП Комунално Струга.
  21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената подднесено од Ментор Исмаилоски од Подгорци
  22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената подднесено од Артан Бојку од Струга.

Бр. 08-2108/1

02.05.2018 гoд.

Материали од 9-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА

Претседател,

Ресул Каба

Средба со Амбасадорот на Италија во РМ

Вчера, г. Дашмир Насуфи шеф на кабинетот на општина Струга, задолжен за образование и наука  придружуван од претседателот на Советот на општината,г. Ресул Каба и директорите на основните училишта одржаа средба со Амбасадорот на Италија, г. Карло Роме, во просториите на ОУ”Мурат Лабеништи” – Ллабуништа
На средбата беше разговарано за пилот проект за воведување како предмет на италијански јазик во основните училишта.
Сите трошоци за реализација на овој проект ги покрива Италијанската амбасада

Почнаа работите за реконструкција на мостот во селото Корошиштa – Жепин

Почнаа работите за реконструкција на мостот во селото Корошиштa – Жепин

Денес започнаа работите за реконструкција на мостот кој ги поврзува населбите во долниот дел на селото Корошишта и Жепин. Бидејќи овој мост е доста посетуван од жителите на оваа област, општина Струга започна со изградба и реконструкција на мостот.

Износот на оваа инвестиција изнесува околу 600.000 денари.

 

Странски инвестиции во Струга

Во недела (29.04.2018) градоналалникот на општина Струга г. Рамиз Мерко присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на објект со ладилник за произвотсво, обработка, расекување и пакување на месо од фирмата ДООЕЛ ПОДГОРКА вреден околу 5.5 милијони евра.

Во поздравниот говор инвеститорот Мевмет Дземаилоски изкажа голема бладодарност до администрација на општина Струга и градоначалникот г. Рамиз Мерко, кажа дека не 100% туку многу повеќеод своите можности даде администрацијата, со цел да се започне со изградба овој објект кој ќе отвори околу 100 работни места.

Пред присутните исто така се обрати и градоначалникот на општина Струга, кој му се заблагодари и на инвеститорот за ваква инвестиција во општина Струга и истакна дека општинската администрација секогаш ќе помага максимално со сиот свој капацитет се со цел да се помогне на потенцијалните инвеститори.

 

Oпштина Струга беше посетена од Претседателот на Албанија , Илир Мета.

Oпштина Струга беше посетена од Претседателот на Албанија , Илир Мета.
Делегацијата од Албанија, предводена од Претседателот на државата Илир Мета, ги посети просториите на општина Струга за да се сретне со градоначалникот на Струга, г. Рамис Мерко.
Претседателот беше пречекан од страна на функционери на локални и централни институции , пратеникот Агим Шаќири, како и преставници на други партии. На денешната средба како гостинка беше поканета и прадоначалничката на општина Арачиново, Г-ѓа Миликије Халими.

Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко му се заблагодари на претседателот Мета за оваа посета, ветена од времето кога г-дин. Мерко беше министер за странски инвестиции. Средбата започна со г. Мерко кој на кратки црти зборуваше за градот Струга, , населението, туристичката клима, традициите и политичката состојба во општина Струга.

Претседателот Илир Мета се заблагодари за поканата и приемот од страна на градоначалникот, општинската администрација и сите присутни. “Чест ми е што денеска ја посетувам општина Струга, предводена од г-дин. Мерко со кого долго време се познаваме и истовремено ми е задоволство , бидејќи Струга е посебен град , и бидејќи Струга претставува точка за интеграција или мост за сите Албанци каде и да се . Но Струга е и повеќе од тоа, Струга е град со извонредна патриотска традиција, град на многу важни фигури кои играле голема улога во независноста на Албанија и историјата на сите Албанци” – рече Мета.

Меѓу другото, претседателот Мета изрази оптимизам во врска со преговорите со ЕУ, спорот за името и политичката ситуација во Македонија.
Тој исто така истакна дека денешната средба нема да биде последна и дека соработката со градоначалникот ќе продолжи и во иднина со цел Струга да стане пример за регионална соработка не само со Албанија, туку и со целиот регион, бидејќи ги има сите ресурси, капацитети и дека Струга е БРЕНД и дека тоа треба да искористи за доброто на Струга и нејзините граѓани.

Продолжува изградбата на шеталиштето

Во тек се работите за Реконструкција со пренамена на дел од улица “Маршал Тито”, односно од спојката со улицата “Пролетерски Бригади” до спојката со улицата “Цветан Димов “. Се реконструират дел од улицата “Маршал Тито” и се пренаменува од коловоз во пешачка патека – шеталиште.

Известување – Внимание!

Известување – Внимание!

Нов режим на собраќај на улиците на градот Струга.

Почнувајќи од 01.05.2018 до 30.06.2018 година, на улиците на градот Струга ќе започне нов (привремен) режим на сообраќај, односно сообраќајот ќе продолжи во еден правец на улиците:

  1. дел од улицата „Ѓуро Салај“ и тоа од спојот на ул. „Владо Малески“ со ул. „Димче Ковачески“ и од спојот на ул. „Димче Ковачески“ со ул. „Димитар Влахов“;
  2. улицата „Димитар Влахов“ и тоа од спојот на ул. „15ти Корпус“ со ул. „Ѓуро Салај“, од спојот на ул. „Ѓуро Салај“ со ул. „ Прва Македонска Ударна Бригада“ и од спојот на ул. „Прва Македонска Ударна Бригада„ со ул. „Пабло Неруда“.
  3. улицата „Прва Македонска Ударна Бригада“ и тоа од спојот на ул. „Димитар Влахов“ со ул. „Димче Ковачески“ и од спојот на ул. „Димче Ковачески“ со ул. „Владо Малески“.
  4. улицата „Јово Стефаноски-Риле“ и тоа од спојот на ул. „Маркс и Енгелс“ со ул. „Зуфер Мусиќ“ и од спојот на ул. „Зуфер Мусиќ“ со ул.
    „ЈНА“.
  5. дел од улицата „Боро Хаџиески-Путе“ и тоа од влезот на паркинг просторот на МЈП „Проаква“ до спојот со ул. „27ми Март“ и од спојот на ул. „27ми Март„ со ул. „Крсте Јон“.
  6. дел од улицата „27ми Март“ и тоа од спојот на ул. „ Боро Хаџиески-Путе“ со ул.„Крсте Јон“ и ул. „Браќа Миладиновци“.
  7. улицата „Крсте Јон“ и тоа од спојот на ул. „Боро Хаџиески-Путе“ со ул. „ Нико Нестор “ и од спојот на ул. „Нико Нестор“ со ул. „27ми Март“ и ул. „Браќа Миладиновци

 

Оваа одлука беше усвоена на последната седница на Советот (16.04.2018 година) и истата одлука доби дозвола и од страна на СВР- Охрид.

 

Ги повикуваме сите граѓани, да го почитуваат овој нов режим на сообраќај и да  ги користат еднонасочните ленти за да нема пречки во собраќај.

 

За да ви биде појасно еве и илустрации со слики.

 

Канцеларија за односи со јавноста.
Општина Струга

П О К А Н А

Општина Струга, во соработка со Global Consulting & Development Associates LLC – Република Косово, Ве поканува да учествувате на средбата со бизнисите од Струга и Косово која ќе се одржи на ден 26 април 2018 година во 10:30 часот во  Хотел “МИРАГЕ” – Струга.

Ви благодариме.

Со почит

Општина Струга и

Global Consulting & Development Associates LLC

Cоопштение за медиумите

Општина Струга ги известува граѓаните на Струга во врска со денешниот настан, дека обвиненијата од страна на Алијансата на Албанците се неосновани.

Општина Струга, т.е градоначалникот на Струга пред 15 години потпишал договор со Демократската партија на Албанците (ДПА) за користење на просториите или канцелариите на општината од страна на ДПА.

Градоначалникот Рамис Мерко заедно со претставници на ДПА, имат потпишано нов договор за употреба на истите простории, бидејќи тие веќе се дел од општината и треба да се користат како такви.

Известување

Општина Струга ги известува сите граѓани дека од утре 23.04.2018 година (понеделник) ќе започнат работите на новото шеталиште.
Заради ефикасност и избегнување на сите пречки во сообраќајот, Ве молиме да се избегне движењето на возила низ патот, за деблокирање на сообраќајот.
Паркираните автомобили да го напуштаат паркингот за да избегнат евентуално оштетување на возилото.
Ова ќе трае до крајот на работата за новото шеталиште.
Ве молиме за Вашето разбирање и соработка.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга