vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Р Е Ш Е Н И Е за свикување 15 (петнаесетта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување 15 (петнаесетта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 15 (петнаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 27.10.2022 год. (четврток) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за трет квартал 2022 година.
  2. Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга за 2021/2022 година.
  3. Годишна програма за работа на ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга за 2022/2023 година.
  4. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Струга за 2023 година.
  5. Предлог – Програма за родова еднаквост за 2023 година.
  6. Предлог – Програма за пречек на Hовата 2023 година.
  7. Предлог – Одлука за поставување на спомен обележје-плоча.
  8. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.1283/3 во КО Мороишта.
  9. Барање од Средните и Основните училишта.
  10. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ с.Јабланица за 2022 година.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материли од 15-та седница

Р Е Ш Е Н И Е за свикување 14 (четиринаесетта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување 14 (четиринаесетта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 14 (четиринаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 28.09.2022 год. (среда) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од дванаесетта седница на Советот на општина Струга.

– Записник од тринаесетта седница на Советот на општина Струга.

  1. Годишен извештај на Основно општинско музичко училиште – Струга за учебната 2021/2022 година.
  2. Годишен извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“ с.Јабланица за учебната 2021/2022 година.
  3. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица за учебната 2022/2023 година.
  4. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Св. Климент Охридски“ – с.Драслајцаза учебната 2022/2023 година.
  5. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за учебната 2022/2023 година.
  6. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици во ООУ „Ашим Агуши“ – с.Радолишта за учебната 2021/2022 година.
  7. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Орхан Џемаили“ – с.Горно Татеши за учебната 2022/2023 година.
  8. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за учебната 2022/2023 година.
  9. Годишна програма за работа на СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга за учебната 2022/2023 година.
  10. Годишна програма за работа на СОУ „Нико Нестор“ – Струга за учебната 2022/2023 година.
  11. Годишна програма за работа на ООУ „Зини Хани“ – с.Велешта за учебната 2022/2023 година.
  12. Годишна програма за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за учебната 2022/2023 година.
  13. Годишна програма за работа на ООУ „Орхан Џемаили“ – с.Горно Татеши за учебната 2022/2023 година.
  14. Годишна програма за работа на ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда за учебната 2022/2023 година.
  15. Годишна програма за работа на ООУ „Единство“ – с.Октиси за учебната 2022/2023 година.
  16. Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица за учебната 2022/2023 година.
  17. Годишна програма за работа на ООУ „Св. Климент Охридски“ – с.Драслајца за учебната 2022/2023 година.
  18. Годишна програма за работа на ООУ „Мурат Лабуништи“ – Струга за учебната 2022/2023 година.
  19. Годишна програма за работа на Основно општинско музичко училиште – Струга за учебната 2022/2023 година.
  20. Годишна програма за работа на ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга за учебната 2022/2023 година.
  21. Годишна програма за работа на ООУ „Ашим Агуши“ – с.Радолишта за учебната 2022/2023 година.
  22. Одлука за поставување на плаката.
  23. Извештај за состојбата во областа на криминалитетот, јавниот ред и мир и безбедност во патниот сообраќај на подрачјето на ПС од општа надлежност – Струга за период од 01.01 до 30.06.2022 година.
  24. Квартален извештај на финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ Струга за втор квартал 01.01.2022-31.06.2022 година.
  25. Извештај за работењето на ЈП „Комунално“ Струга за период од 01.04. до 30.06.2022 година.
  26. Финансиски извештај за работа за втор квартал 01.04-30.06.2022 година на ЈП „Еко Струга“ Струга.
  27. Извештај за работењето на ЈКП „Хигиена“ с.Лабуништа за период од 01.04.2022 до 30.06.2022 година.
  28. Втор квартален извештај за работењето на ЈП „Октиси“ с.Октиси за 2022 година.
  29. Предлог – Одлука за согласност на Изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга.
  30. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈП „Водовод и канализација“ – Струга за 2023 година.
  31. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈП „Еко Струга“ – Струга за 2023 година.
  32. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа за 2023 година.
  33. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда за 2023 година.
  34. Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Струга и Вевчани.
  35. Предлог – Програма за зимско одржување на локални патишта и улици за 2022/2023 година.
  36. Одлука за донесување на план за парцелизација.
  37. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.1981 во КО Вевчани-вон гр.р.
  38. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.560, КП бр.561, КП бр.854 и КП бр.1727/1 во КО Ложани.
  39. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.2906 и КП бр.2909 во КО Ташмаруништа.
  40. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.2072/1 во КО Велешта.
  41. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.3132/1 во КО Струга.
  42. Иницијатива изработка на измени и дополнување на Детален урбанистички план за УП 9 дел од урбан блок 24 УМ 1, 2, 3 и 4, Општина Струга.
  43. Иницијатива за изработка на синхронизиран план за ГУП и ДУП за УЕ 1 дел од блок 7, Општина Струга.
  44. Предлог – Одлука за давање на времено користење на недвижна стварна МЗ с.Долна Белица.
  45. Одлука за согласност со намена за исплаќање на потребните средства за веќе реализирани културни настани на ден 15, 16 и 20 јули 2022 година.
  46. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Мирко Домазетоски.
  47. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Шенол Илјази.
  48. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Едлир Винца.
  49. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Мендухије Сефери.
  50. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Милетева Шулеска.
  51. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Лири Шабани.
  52. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за Никола Видиќески.
  53. Предлог – Одлука за субвенционирање на услуги за превоз на ученици.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материли од 14-та седница

Cross Border Cooperation (Прекугранична соработка)

Во рамките на проектот “Cooltour“ од програмата за Прекугранична соработка на ЕУ, финансиран од општиот буџет на Европската Унија, потпишан е работен договор помеѓу Општина Струга, претставувана од градоначалникот Рамис Мерко, и БВ Инѓињеринг-Битола, претставувана од Крсте Неделковски.

Станува збор за реконструкција на инфраструктурата на делот кај езерото, наречен Езерски Лозја. Овој проект има за цел модернизирање на коловозот, пешачкото шеталиште, велосипедската патека и секако вклучување на атмосферската канализација и уличното осветлување.
Проектот е еден од сегментите на општиот проект, кој со својата реализација ќе понуди многу придобивки за промоција на градот.

О Б Ј А В А БР. 02/2022

ОПШТИНА СТРУГА/KOMUNA E STRUGËS

О Б Ј А В А БР. 02/2022

За отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на објекти во КО Струга со намена:

  • Б2 – Големи трговски единици  ( Б5 и Д1 – 20% компатибилни намени )

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање е градежно неизградено земјиште сопственост на Република Северна Македонија предвидено за изградба на објект со намена Б2- Големи трговски единици со компатибилни намени ( Б5 и Д1 – 20% компатибилни намени ), градежна парцела ГП бр. 3.18 сопственост на Република Северна Македонија предвидена со ДУП: Измена и дополнување на ДУП за УЕ-11 БЛОК 2, Опфат 3, 4 и 5, Општина Струга, донесен со Одлука на Совет на Општина Струга бр. 08-947/10 од 15.03.2022 година, што претставува дел од КП бр. 2832/72 со површина од 16.566 м2 кој во „Геодетскиот елаборат за геодетски работи за посебни намени за нумерички податоци“ со дел. бр. 08-22-111/3 од 12.08.2022 година изработен од „ГЕОЛИС“ Дооел Струга е означен како КП бр. 2832/80, викано место/улица „Попово Блато“, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на градежна парцела, катастарската парцела која е опфатена со градежната парцела, вкупна површина на градежна парцела , намената на земјиштето (основна класа), намена на земијштето (опис), површина за градба, бруто изградена површина, процент на изграденост, коефициент на искористеност на земјиштето, максимално дозволена висина, катност, почетна цена по метар квадратен, вкупна почетна утврдена цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

Табеларен преглед:

Бр. на градежна парцелаДел од Кп.бр.Вкупна површина на градежна парцелаНамена на земијштето (основна класа)Намена на земијштето (опис)Површина за градбаБруто развиена површинаПроцент  на изграденостКоефициент на искористеност на земијштеМаксим. дозволена висинаКатностПочетна/утврдена цена по метар квадратенВкупна почетна/утврдена ценаБанкарска гаранција  за сериозност на понудата
  М2  М2М2% м денариденариденари
3.182832/7216566Б2 – Големи трговски единициБ2-Големи трговски единици – Компатибилни намениа Б5 и Д1-20%828324849501,5015 мП+22.00033.132.000  33.132.000

ПРАВО НА УЧЕСТВО

            Право на учество на јавното наддавање имаат:

            Сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија согласно закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата односно:

1.Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската Унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската Унија  и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да се стекнат со право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

2. Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице регистрирани во Централниот регистар на РСМ, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската Унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската Унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните домашни и странски физички и правни лица, поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат преку информацискиот систем поставен на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk, со пополнување на електронски образец кој се потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач за секоја градежна парцела поединечно во кој е наведено за која градежна парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази ( приложени во електронска форма, скенирани ):

1. Пријавата од подносителот, во која се наведени податоци за која градежна парцела се однесува истата и за подносителот на пријавата, како и кои документи се доставуваат во прилог на пријавата, потпишана дигитално;

2. Банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ од 100% од вкупната почетна/утврдена цена  на градежната парцела и тоа: за ГП бр.3.18 во износ од 33.132.000 денари со рок на важност на банкарската гаранција до 31.12.2022 година, со која понудувачот ќегарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 ( петнаесет ) дена од денот на приемот на писменото известување за избор на најповолен понудувач;

Банкарската гаранција задолжително се доставува и во оригинал во хартиена форма до Општина Струга – Комисија за спроведување на постапка за јавно наддавање ( За Објава бр. 02/2022 ), во затворен плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ“ во рокот определен за поднесување на пријава.

3. За физички лица – Уверение за државјанство;

4. За правни лица – Доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар ( Тековна состојба од ЦР на РСМ не постара од еден месец од денот на пријавувањето );

5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, доколку правното лице не е претставувано од одговорното лице;

6. Изјава за прифаќање на условите од објавата, потпишана со дигитален потпис;

            7. E-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и лозинка за пристап на интернет страницата на која што  ќе се одвива  електронското јавно наддавањe.

            Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите  на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.

            Подносителите на пријавите задолжително треба да имаат електронски дигитален сертификат ( потпис ) за да можат да поднесат пријава за учество на јавното наддавање.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во табеларниот преглед изнесува 2.000,оо денари од метар квадратен.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

1.Банкарската гаранција за сериозност на понудата е утврдена согласно Табеларниот преглед даден во оваа објава и изнесува 100% од вкупната почетна/утврдена цена на јавното наддавање.

2.Банкарската гаранција се враќа на подносителите на пријавата, кои не постигнале најповолна понуда, во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање.

3. Банкарската гаранција за сериозност на понудата на јавното наддавање на најповолниот понудувач му се враќа намалена за 10% од вредноста на банкарската гаранција, но не повеќе од 15.000,оо денари, одредени за посебни трошоци на постапката за отуѓување по пат на јавно наддавање, во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање за отуѓување на градежното земјиште и достава на целокупната документација  потребна за учество на јавното наддавање.

РОКОВИ

Пријавите за учество на јавното наддавање да се достават електронски до 19.09.2022 година ( Понеделник) на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk.

Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk.

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Јавното наддавање ќе започне на 21.09.2022 (Среда)  година и истото ќе трае 15 ( петнаесет ) минути, како што следува:

– Во 10,00 часот со траење од 15 ( петнаесет ) минути, за отуѓување на ГП бр. 3.18 со намена Б2 – Големи трговски единици, со компатибилни намени Б5 и Д1-20%.

ПОСТАПКА

1. Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекот на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и лозинка за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

            2. На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците  пристапуваат на интернет страницата со корисничко име и лозинка која ја добиле на е-маил адресата доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање.

            3. Учесници на јавното наддавање се подносителите на пријави кои доставиле комплетна документација и добиле корисничко име и лозинка за учество на јавното наддавање. Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку по објавата аплицирал и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја наддаде почетната цена.

            4. Електронското јавно наддавање го следи Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање, формирана од Градоначалникот на Општина Струга.

            5. Електронското јавно наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

6. Наддавањето се врши „чекорно“ со зголемување на вредноста со секој чекор кој изнесува не помалку од 10% од минималната почетна цена по метар квадратен за отуѓување на градежното земјиште, односно вредноста на секој „чекор“ изнесува најмалку 200,оо денари за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед.

            7. Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во ова објава, при што доколку во истекот на последните две минути  од определеното времетраење на јавното надавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временскиот интервал од две минути има нова понуда.

8. За најповолен понудувач по метар квадратен се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена по метар квадратен која претставува највисока цена за отуѓување на градежното земјиште.

9. Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

10. За текот на јавното наддавање учесниците имаат право на приговор во рок од три дена од денот на одржувањето на јавното наддавање. Приговорот се поднесува во писмена форма до комисијата која одлучува по приговорот со решение. Комисијата е должна да одлучи по приговорот во рок од пет работни дена.

Против решението донесено од страна на комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Постапката за јавно наддавање завршува по истек на рокот од три дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, доколку не е поднесен приговор.

Постапката за јавно наддавање завршува по донесено решение од страна на Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање доколку против решението не е поднесена жалба, а доколку е поднесена жалба, постапката за јавно наддавање се смета за завршена по правосилноста на решението.

            11. По завршување на постапката за јавно наддавање, Комисијата е должна во рок од три работни дена да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Република Северна Македонија по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување или давање под долготраен закуп на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија.

12. Државното правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување или давање под долготраен закуп на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија во рок од 30 дена од добивање на барањето за мислење. Доколку во рок од 30 дена Државното правобранителство на Република Северна Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.

13. По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија, Комисијата во рок од три работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолен понудувач.

            14. Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од добивање на известувањето за избор на најповолен понудувач е должен да ги уплати средствата и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата.

       Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата  во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земијште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување  и банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и истиот нема да може  да учествува  на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.

             15. Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор, средствата не му се враќаат, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор.

            16. Во рок од 5 ( пет ) работни дена по доставувањето на доказ за извршена уплата  и доставување на целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање, Градоначалникот на Општина Струга во име на Република Северна Македонија склучува договор  со најповолниот понудувач за отуѓување на градежно земијште сопственост на Република Северна Македонија.

            17. По склучувањето на договорот, Општина Струга во рок од 1 ( еден ) ден, електронски го доставува договорот до Сектор за финансиски прашања – Одделение за администрирање и наплата на локални приходи за утврдување на данокот на промет на недвижности. Купувачот е должен во рок од 15 ( петнаесет ) дена од добивање на решението за утврдување на данок на промет на недвижности да го плати данокот и да достави доказ за извршената уплата.

            18. По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности, купувачот во рок од 30 дена договорот електронски го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот, односно закупецот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 дена од доставувањето на договорот кај надлежен нотар.

            19. Неисполнувањето на обврските од договорот по вина на купувачот претставува основ за еднострано раскинување на договорот при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не се враќаат на купувачот. Раскинувањето на договорот заради неисполнување на обврските во договорот од страна на купувачот се врши со еднострана изјава на волја на отуѓувачот изјавена од страна на Општина Струга преку Државното правобранителство на Република Северна Македонија.

            20. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува да прибави одобрение за градење на предвидениот објект согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено во рок од 12 ( дванаесет ) месеци од извршената солемнизација на договорот и е должен објектот да го изгради согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено во рок согласно одредбите од Законот за градење, а согласно категоризацијата на градбата. Во спротивно, доколку купувачот не прибави одобрение во предвидениот рок, односно доколку објектот не се изгради во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земијште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земијште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земијште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.

            21. Неисполнувањето на овие обврски, односно по паѓање на купувачот во задоцнување со исполнување на овие обврски  три месеци последователно, претставува основ отуѓувачот, по три последователни месечни повици за извршување, како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот, односно да побара наплата на договорната казна што претставува и основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не му се враќаат на купувачот. Раскинувањето на договорот заради неисполнување на обврските во договорот од страна на купувачот се врши со еднострана изјава на волја на отуѓувачот изјавена од страна на Општина Струга преку Државното правобранителство на Република Северна Македонија.

            22. Минималниот процент кој треба да биде изграден од вкупно развиената површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за предметната градежна парцела не смее да биде помалку од 30%.

            23. Најповолниот понудувач ( купувачот ) се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за отуѓување на градежното земјиште.

            24. Во цената на градежното земјиште не е вклучен и надоместокот за уредување на градежно земјиште.

            25. Трошоците за солемнизација на договорот кај надлежен нотар и трошоците за упис во јавните книги за правата на недвижностите кои се водат во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште, како и нотарските трошоци во случај на раскинување на договорот по вина на купувачот.

            26. Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да го пренесува на трети лица, пред исполнување на обврските од договорот за отуѓување на истото. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.

            27. Градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кое е предмет на објавата се до исполнување на обврските од договорот не може да биде дел од стечајна маса.

            28. Посебни трошоци во постапката за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на јавно наддавање се:

– трошоци за обезбедување на докази за градежното земјиште предмет на јавното наддавање;

– трошоци за објавување во медиумите и јавните гласила;

– трошоци за увид на лице место и утврдување на фактичка состојба и за воведување во владение на градежното земјиште.

Висината на трошоците изнесува 10% од вредноста на банкарската гаранција за сериозност на понудата, но не повеќе од 15.000,00 денари.

            Ова објава ќе биде објавена и на WEБ страницата на Општина Струга: www.struga.gov.mk

Објава

Р Е Ш Е Н И Е за свикување 13 (тринаесетта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување 13 (тринаесетта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 13 (тринаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 04.08.2022 год. (четврток) со почеток во 10:30 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од единаесетта седница на Советот на општина Струга.

  1. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга II/2022 година.
  2. Ребаланс на Буџет на општина Струга за 2022 година.
  3. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници во Општина Струга за 2022 година.
  4. Предлог – Одлука задавање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Подгорциза учебната 2022/2023година.
  5. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ „Зини Хани“ – с.Велешта за учебната 2022/2023 година.
  6. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ „Нури  Мазари“ – с.Делогождаза учебната 2022/2023 година.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ „Единство“ – с.Октисиза учебната 2022/2023 година.
  8. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ООУ „Јосип Броз Тито“ – Стругаза учебната 2022/2023 година.
  9. Годишен извештај на ООУ „Нури Мазари“ с.Делогожда за учебната 2021/2022 година.
  10. Извештај за работата на ООУ„Св. Климент Охридски“ с.Драслајца на крајот од учебната 2021/2022 година.
  11. Годишен извештај за работата на ООУ „Мурат Лабуништи“ с.Лабуништа за учебната 2021/2022 година.
  12. Извештај за работата на ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга за учебната 2021/2022година.
  13. Финансиски извештај за работа за втор квартал 01.04-30.06.2022 година на ЈП „Еко Струга“ Струга.
  14. Предлог – Одлука за донесувањеДУП за УЕ 9, Блок 25,Општина Струга.
  15. Предлог – Одлука за овластување на Градоначалникот на општина Струга.

Предлог – Одлука за определување членови на Советот за склучување бракови.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материли од 13-та седница

Р Е Ш Е Н И Е за свикување 12 (дванаесетта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе 

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување 12 (дванаесетта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 12 (дванаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 07.07.2022 год. (четврток) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д 

– Записник од десетта седница на Советот на општина Струга.

  1. Раcправа за сузбивање на лица кои вршат питачење на подрачјето на општина Струга.
  2. Расправа за кучињата скитници на територијата на Општина Струга.
  3. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот во Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за мерка 124.
  4. Предлог – Одлука за согласонст со намената на проектот  на повикот во Агенцијата за финансика подршка на земоделието и руралниот развој  на РСМ   за 2022 година за предлог проекти за мерка 124.
  5. Одлука за реорганизација на средните општински училишта.
  6. Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици во СОУ „Ибрахим Темо“ – Струга за учебната 2021/2022 година.
  7. Одлука за утврдување паралелки  со помал број во СОУ „Нико Нестор“ – Струга за учебната 2021/2022 година.
  8. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелкa со помалку од 20 ученици во прво одделение во ООУ „Гоце Делчев“-с.Подгорци.
  9. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.
  10. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Зини Хани“ с.Велешта, за 2023 година.
  11. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ с.Јабланица, за 2023 година.
  12. Предлог – Одлука за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица.
  13. Измена на Програма за измена и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Струга за 2022 година.
  14. Предлог – Одлука за утврдување Измена и дополна на ГУП за Блок 30, Северен дел од град Струга, КО Мороишта, Општина Струга – Нацрт план.
  15. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на оптичка мрежа на подрачјето на опфат Глобочка Запад во Струга, ограничено со улиците: Север-регионален пат Охрид-Струга, Запад-ул.Маркс Енгелс, Југ-ул.Партизанска, Исток-ул.Глобочичка 1.
  16. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на оптичка мрежа на подрачјето на опфат ФТТХ Туристичка север во Струга, ограничено со улиците: Север-регионален пат Охрид-Струга, Запад-ул.Глобочичка, дел од ул.ЈНА, Југ-дел од ул.Партизанска, дел од ул.ЈНА, Исток-маргина на објекти како во прилог.
  17. Иницијатива за измена и дополнување на ДУП за дел од Блок 9 во УЕ 2, Општина Струга.
  18. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за подземен кабел за сепарација, КО Франгово, Општина Струга.
  19. Иницијатива за изработка на Урбаниситчки проект за градежно земјиште за општа употреба за изградба на кружна крстосница помеѓу магистрална улица М1 (дел од М4) собирна улица С2 и сервисна улица СЕ2 во рамки на ГУП за град Струга.
  20. Иницијатива за изработка на Урбаниситчки проект за градежно земјиште за општа употреба за изградба на кружна крстосница помеѓу магистрална улица М1 (дел од М4) и собирна улица С2 во рамки на ГУП за град Струга.
  21. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) и 10(20) КВ средно напонски електричен вод, на КП 187, КП 188, КП 189 и КП 190/2, КО Враништа вон град, Општина Струга.
  22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.1608/1 во КО Струга.
  23. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.1774/1 во КО Вишни.
  24. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.1774/1 во КО Вишни

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Р Е Ш Е Н И Е за свикување 11 (единаесетта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е
за свикување 11 (единаесетта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 11 (единаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 06.06.2022 год. (понеделник) со почеток во 12:30 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:


За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д

– Записник од деветта седница на Советот на општина Струга.

  1. Раcправа за сузбивање на лица кои вршат питачење на подрачјето на општина Струга,
  2. Извештај за работењето на Одделението за администрирање и наплата на локални приходи за период 01.01.2021-31.12.2021 година,
  3. Квартален извештај, прв квартал 2022 година на ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга,
  4. Квартален извештај, прв квартал 2022 година на ЈП „Комунално“ – Струга,
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ЈП „Комунално“-Струга, за 2023 година,
  6. Предлог – Решение за именување членови на управен одбор во ЈОУДГ „8 Март“ – Струга,
  7. Предлог – Одлука  за  давање на трајно користење на движна ствар сопственост на општина Струга,
  8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.397 во КО Ливада,
  9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од КП бр.1608/1 во КО Струга,
  10. Предлог – Решение за именување членови на управен одбор во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа,
  11. Предлог – Решение за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа,
  12. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Ирена Лазареска од Струга.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материли од 11-та седница

Р Е Ш Е Н И Е за свикување 10 (десетта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување 10 (десетта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 10 (десетата) седница на Советот на Општина Струга, за 19.05.2022 год. (четврток) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од осма седница на Советот на општина Струга.

  1. Квартален извештај, прв квартал 2022 година на Општина Струга,
  2. Прв квартален извештај за работењето на ЈП „Октиси“ – с.Октиси за 2022 година,
  3. Извештај за работата на ЈКП„Хигиена“-с.Лабуништа, за период од 01.01.2022 до 31.03.2022 година,
  4. Извештај за работата на ЈП „Еко Струга“ – Струга, прв квартал 01.01-31.03.2022 година,
  5. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за определување на јавни паркиралишта за зонско паркирање на подрачјето на град Струга,
  6. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот во Биро за регионален развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за развој на селата,
  7. Предлог – Одлука за финансиско учество на повикот во Биро за регионален развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за развој на селата,
  8. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот во Министерство за локална самоуправа на РСМ за 2022 година за предлог проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност,
  9. Предлог – Одлука за кофинансирање проекти на повикот во Министерство за локална самоуправа на РСМ за 2022 година за предлог проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност,
  10. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот во Биро за регионален развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби,
  11. Предлог – Одлука за кофинансирање проекти на повикот во Биро за регионален развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби,
  12. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот во Биро за регионален развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој,
  13. Предлог – Одлука за кофинансирање проекти на повикот во Биро за регионален развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој,
  14. Предлог – Одлука за финансиско учество на проекти на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2022 година за „Реконструкција на фасада, покрив и столарија во ОУ Климент Охридски с.Мороишта“ и „Реконструкција на ѕидови, кров, под и столарија ОУ Бафтијар Бануши с.Заграчани – Струга,
  15. Предлог – Одлука за финансиско учество од 900.000 денари на проектот Одржлив и инкузивен рамномерен регионален развој финансиски подржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарска Агенција за развој и соработка за 2022/23 година за селектираниот проект „Реконструкција на ЈЗУ Завод за нефрологија-Струга и креирање на услови за здравствен туризам во Југозападен плански регион“,
  16. Предлог – Одлука за вршење на авто такси превоз на патници на подрачјето на Општина Струга,
  17. Предлог – Решение за именување членови на управен одбор во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа,
  18. Предлог – Решение за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа,
  19. Предлог – Одлука за давање на времено користење на недвижна ствар
  20. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ООУ „Гоце Делчев“-с.Подгорци за учебната 2022/2023 година,
  21. Предлог – Заклучок за утврдување Измена и дополна на Детален урбанистички план, дел од УЕ4, дел од блок 12, КО Струга, Општина Струга – Нацрт План
  22. Годишна сметка на Центар за развој на југозападен плански регион за 2021 година

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материли од 10-та седница

Р Е Ш Е Н И Е за свикување 9 (деветта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

за свикување 9 (деветта) седница на

Советот на општина Струга

Ја свикувам 9 (деветтата) седница на Советот на Општина Струга, за 14.04.2022 год. (четврток) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од седма седница на Советот на општина Струга.

– Записник од осма седница на Советот на општина Струга.

  1. Извештај за состојбата во областа на криминалитетот, јавниот ред и мир и безбедност во патниот сообраќај на подрачјето на ПС од општа надлежност – Струга за 2021 година,
  2. Извештај за работата на ТППЕ Струга за 2021 година,
  3. Извештај за работата на Секторот за правни прашања и општи работи за 2021 година,
  4. Извештај за реализација на Програмата на Одделението за месни заедници за 2021 година,
  5. Извештај за програмите во Секторот за јавни дејности за 2021 година,
  6. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на спортот и младите во 2021 година,
  7. Извештај за реализација на Програмата за одбележување на значајни настани и личности од нашето културно минато за 2021 година,
  8. Извештај за реализација на Програмата за подршка и финансирање на НВО Општина Струга во 2021 година,
  9. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на социјалната заштита за потребите на граѓаните на Општина Струга за 2021 година,
  10. Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на општина Струга за 2021 година,
  11. Извештај за реализација на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во 2021 година,
  12. Извештај од Одделение за локален економски развој за 2021,
  13. Извештај за работата на Одделението за меѓународна соработка и Европски фондови на Општина Струга за 2021 година,
  14. Извештај за реализација на Програмата за сообраќајна сигнализација на општина Струга за 2021 година,
  15. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта во општина Струга за 2021 година,
  16. Извештај за реализција на Програмата за активностите на Општина Струга од областа на заштитата на животната средина и природата за 2021 година,
  17. Годишен извештај за работа на Секторот за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Струга, 01.01.2021-31.12.2021 година,
  18. Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2021 година,
  19. Квартален Извештај на ЈП „Комунално“ – Струга, квартал IV од 2021 година,
  20. Одлука за утврдување на цените и услугите што ги врши ЈП „Комунално“ – Струга,
  21. Годишен извештај за финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, 01.01.2021 до 31.12.2021 година,
  22. Годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – водоснабдување  за 01-2021 до 12–2021 година на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга,
  23. Годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – одведување на отпадни води за 01.01.2021-31.12.2021 година на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга,
  24. Годишна сметка за 2021 година на ЈП „Еко Струга“ – Струга,
  25. Годишна сметка за 2021 година на ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа,
  26. Полугодишен извештај за работа на Основното општинско музичко училиште – Струга за учебната 2021/2022 година,
  27. Извештај за реализација на воспитно образовната дејност во прво полугодие од учебната 2021/2022 година на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга,
  28. Полугодишен извештај за учебната 2021/2022 година на ООУ „Единство“ – с.Октиси,
  29. Годишна сметка за 2021 година на ООУ „Единство“ – с.Октиси,
  30. Предлог – Одлука за пренесување на правото на сопственост на движна ствар-сопственост на Општина Струга на  ЈП „Комунално“ – Струга,
  31. Предлог – Одлука за пренесување на правото на сопственост на движна ствар-сопственост на Општина Струга на  ЈП „Еко Струга“ – Струга,
  32. Предлог – Одлука за утврдување на висината на надоместокот за добивање на лиценца за вршење на угостителска дејност,
  33. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Струга за 2022 година,
  34. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план Урбана единица 3, Блок 11, дел 5, 6 и 7, Општина Струга,
  35. Прифатена иницијатива за изработка на Детален урбанистички план УЕ 2, дел од блок 9, опфат помеѓу улиците: ул.„Маршал Тито“, Пешачка патека, ул.„Јабланица“ и ул.„Елпида Караманди“, Општина Струга,
  36. Прифатена иницијатива за изработка на Детален урбанистички план за дел од УЕ 4, дел од блок 15, опфат 3, Општина Струга,
  37. Прифатена иницијатива за изработка на Урбанистички проект со план за парцелизација за КП бр.2002/1 КО Струга,
  38. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно иградениот објект на КП бр.2839/2, КО Струга,
  39. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно иградениот објект на КП бр.2500/4, КО Велешта-вон.гр.,
  40. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно иградениот објект на КП бр.376/1, КО Драслајца,
  41. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Ајредин Абдулаи од с.Мислодежда,
  42. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Аднан Ахмеди од с.Делогожда,
  43. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Елзана Бајрамоска од с.Лабуништа,
  44. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Нурија Кајриманоска од с.Октиси,
  45. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Марина Барлакоска од Струга.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материли од 9-та седница

Р Е Ш Е Н И Е за свикување 8 (осма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

за свикување 8 (осма) седница на

Советот на општина Струга

Ја свикувам 8 (осмата) седница на Советот на Општина Струга, за 15.03.2022 год. (вторник) со почеток во 11:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од шестта седница на Советот на општина Струга,

  1. Предлог – Годишна сметка на Буџетот на општина Струга за 2021 година,
  2. Предлог – Буџетски календар на Општина Струга за 2023 година,
  3. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струга за 2022 година,
  4. Предлог – Одлука за основање Акциски тим во заедницата во општина Струга,
  5. Предлог – Одлука за усвојување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струга и Општина Вевчани,
  6. Предлог – Решение за именување на членови во заедничката комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струга и Општина Вевчани,
  7. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта во општина Струга за 2021 година,
  8. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбаниситчки план за УЕ-2, дел од блок 9, опфат помеѓу улиците „Македонска“, „Маршал Тито“, „Цветан Димов“ и пешачка патека КО  Струга, Општина Струга,
  9. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбаниситчки план за УЕ-11, блок 2, опфат 3, 4 и 5, Општина Струга.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материли од 8-та седница