Советот на општината, составен од претставници награѓаните, е надлежен да:
- донесува статут на општината и други прописи;
- донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
- ја утврдува висината на сопствените извори на приход за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
- основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и да врши надзор над нивната работа;
- именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
- усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби што ги основа општината;
- ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
- решава за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес, а од локално значење, во согласност со законот;
- ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби, кои ги основа општината;
- решава за начинот на располагање со сопственоста на општината;
- решава за начинот на вршење финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со законот;
- го избира лицето што ја раководи подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со законот;
- го разгледува и го усвојува извештајот за јавна безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и до народниот правобранител.