vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Туризам претставува збир на односи и појави кои произлегуваат од патувањето и престојот на туристите на едно место, каде патувањето и престојот не се засноваат на постојано живеење и ако со тоа не се поврзува одвивањето на одредена економска активност. Турист е секое лице, кое поради одмор, рекреација, здравствени, семејни и религиозни причини и јавни дебати и собири реализира најмалку едно ноќевање надвор од местото на постојаното живеење во некој угостителски или други објект за сместување на туристи.  Меѓународниот туризам претставува збир на односи и појави кои настануваат во моментот кога туристот ја преминува државната граница и престојува во друго место најмалку една ноќ поради одмор, рекреација и слично.

Според дефинициите на Државниот завод за статистика на Република Македонија, турист е секое лице, кое престојува привремено во друго место надвор од местото на постојано живеење и таму поминува најмалку една ноќ во угостителски или друг објект за сместување. Домашен турист е лице со постојано живеалиште во Република Македонија, кое привремено престојува во друго место надвор од своето постојано живеалиште и преноќува најмалку една ноќ во угостителски или во други објекти за сместување на туристи. Странски турист е лице со постојано живеалиште надвор од Република Македонија, кое привремено престојува во Република Македонија и преноќува најмалку една ноќ во угостителски или во други објекти за сместување туристи.

Најзначајните карактеристики на туризмот во Општина Струга се:

  • – Поволната географска положба и релативно добро развиената патна инфраструктура,
  • – Средно континенталната клима со високо ниво на инсолација за време на целата година,
  • – Извонредниот фонд на животинскиот и растителниот свет со ендемски форми на организми,
  • – Природни простори кои се зачувани и заштитени,
  • – Богата историја и наследство со значителен број на археолошки, културни и историски локалитети,
  • – Планини со многу поволни услови за развој на зимскиот туризам,
  • – Истакната традиција во гостопримството и фолклорот,
  • – Здрава и традиционална храна,
  • – Културни манифестации со оригинален и долгодогишен карактер.