vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Општина Струга ги известува граѓаните, деловните субјекти и сите заинтересирани лица дека во рамките на новогодишните празници ќе го организира Новогодишниот базар, со цел создавање празнична атмосфера и раздвижување на центарот на градот.

Во рамките на оваа активност се предвидува поставување на девет (9) празнични куќарки, како и можност за поставување на други тезги во согласност со расположливиот простор.

Сите заинтересирани деловни субјекти, физички и правни лица кои сакаат да бидат дел од оваа активност, преку продажба на прехранбени производи, пијалаци, слатки, ракотворби, сувенири и други празнични содржини, се повикуваат да ги поднесат своите барања до Општина Струга.

За разгледување, оценување и избор на поднесените барања, Градоначалникот на Општина Струга ќе формира посебна Комисија од пет (5) членoви, со посебен акт. Комисијата ќе ги разгледа пристигнатите барања и ќе изврши нивно оценување во согласност со целта, концептот и предвидената содржина за организирање на Новогодишниот базар.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 03.12.2026 година.

Општина Струга ќе има координативна и административна улога во организирањето на активноста, како и ќе ги спроведе соодветните постапки предвидени во Програмата за пречек на Новата 2027 година бр. 08-6288/51 од 28.10.2026 година.

Потребна документација за правни лица:

  • Опис на дејноста што ќе се врши
  • Тековна состојба (податоци за правниот субјект)
  • Опис и фотографии од куќарките или тезгите што се планира да се постават.
  • Димензиите и површината потребна за користење

За физички лица:
Покрај горенаведената документација, физичките лица треба да достават доказ од Централниот регистар дека се регистрирани како трговци поединци за вршење на дејноста.

Барањата треба да се достават во архивата на Општина Струга.

ОПШТИНА СТРУГА
Одделение за комунални дејности

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).