Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи „Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа „Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и согласно Правилникот за систематизација на работните места на општинската админитрација на општина Струга, бр.09-3840/1 од 05.10.2016 година, Градоначалникот на Општина Струга, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2025
за вработување на помошно-техничко лице на неопределено и со полно работно време
- УПР0405А03004 Хигиеничар/ка, Одделение за општи работи, Сектор за правни прашања и општи работи- 1(еден) извршител.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- Основно образование,
- со или без работно искуство.
Распоред на работно време:
- Работни денови Понеделник-Петок,
- Работни часови неделно 40,
- Работното време на вработените се одвива во смени.
Прва смена започнува во 7,00 часот и завршува во 15,00 часот
Втора смена започнува во 13,00 и завршува во 21,00 часот.
Паричен нето износ на плата: 31.014,00 денари.
2.УПР0402А01001 Главен чувар-портир- Одделение за општи работи, Сектор за правни прашања и општи работи – 1 (eден) извршител.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- Стручни квалификации средно образованиесо стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/М КСОО;
- Средно образование-гимазиска или економска или техничка струка
- работно искуство од 3 година во јавен сектор или 3 година во приватен сектор
Распоред на работно време:
- Работни денови Понеделник-Петок,
- Работни часови неделно 40,
- Работно време – 07:30 – 15:30
Паричен нето износ на плата: 32.565,00 денари.
- УПР0403А03001 Возач III – Одделение за општи работи, Сектор за правни прашања и општи работи – 2 (два) извршители.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- Стручни квалификации средно образование со стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/М КСОО;
- Средно образование – гимазиска или економска или техничка струка
- со или без работно искуство.
- Возачка дозвола од Б категорија
Распоред на работно време:
- Работни денови Понеделник-Петок,
- Работни часови неделно 40,
- Работно време 08:00 – 16:00
Паричен нето износ на плата: 31.014,00 денари.
- УПР0402А02001 Чувар-портир II- Одделение за општи работи, Сектор за правни прашања и општи работи – 1 (eден) извршител.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- Стручни квалификации средно образование со стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/М КСОО;
- Средно образование – гимазиска или економска или техничка струка
- работно искуство од 1 година во јавен сектор или 1 година во приватен сектор
Распоред на работно време:
- Работни денови Понеделник-Петок,
- Работни часови неделно 40,
- Работно време 08:00 – 16:00
Паричен нето износ на плата: 31.014,00 денари
– Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат рачунајќи го денот на објавувањето.
Изборот на кандидатите ќе се изврши согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса -Општина Струга ,ул ,,Партизанска ,, бб. Струга. Пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Струга да се достават до Одделението за управување со човечки ресурси со назнака за Јавен Оглас 02/2025 како и на електронска адреса ocr@struga.gov.mk Некомплетните документи и доставени после рокот нема да бидат предмет на разгледување
