Согласно член 99 став 1 и став 3 како и член 122 став 4од Законот за Животна средина (Сл. Весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15,129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22, 171/22, 3/25и 124/25), Градоначалникот на општина Струга,
ОБЈАВУВА
Барање за обновување на Б – интегрирана еколошка дозвола
До Градоначалнкот на општина Струга доставено е комплетно барање за обновување на Б – интегрирана еколошка дозвола со Уп.бр.12-4587/1 од 11.08.2026 година.
Подносител на Барањето:
Друштво за превоз, трговијс и услуги „МИ ТРАНС“ увоз-извоз Велешта ДООЕЛ – Струга
Приоритетна дејност:
23.610 – Производство на производи од бетон за градежни цели
Локација на инсталацијата:
с. Велешта, Струга. Локација на сепарација во с. Долна Белица КП.бр.161/2 и локација на бетонска база во с. Враништа на КП.бр.346, 347, 350, 356, 357, 358 КО Враништа вон град, Струга
Контакт Лице:МИСЕР ХАНИ
Категорија на инсталацијата:
Согласно Уредбата,Прилог 2. Точка
3.2 – Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини.
3.3 – Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 м3, доколку не се опфатени со Прилог 1 од уредбата. Целокупната документација, содржината во Барањето, потребна за оформување и доставување на мислења и ставови е достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена и тоа од 06.10.2026 година до 19.10.2026 година на www.struga.gov.mk.
ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Менди Ќура
