vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА

Секторот за финансиски прашања ги врши работите што се однесуваат на:

  • следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално финансиското работење; 
  • ја раководи, координира и контролира работата при изработување на буџетот на општината и нагодишната сметка на Буџетот на општината;
  • управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на општината утврдени со буџетот;
  • спроведува ex-ante и ex-post финансиска контрола;
  • изготвува финансиски план за извршувањето на буџетот (месечен, квартален и годишен) за општината и единките корисници на општината;
  • сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот;
  • распределба на блок – дотациите по буџетските корисници;
  • управување, следење и контрола во утврдувањето на наплатата на даноци;
  • водење регистер на недвижен и движен имот на даночните обврзници, негово проверување и потврдување;
  • спроведување на присилна наплата на даноците и таксите на општината;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени во делокругот на надлежности согласно законите идругите прописи.
Во рамките на секторот за финансиски прашања спаѓаат 5 одделенија и тоа:
1. Одделение за буџетска координација;
2. Одделение за буџетска контрола;
3. Одделение за сметководство и плаќања;
4. Одделение за даноци и комунални такси;
5. Одделение за јавни набавки;