Денес СОУ „Др. Ибрахим Темо„ славеше 12 години од своето постоење. За таа цел училиштето организираше прослава за одбележување на годишнината.
На настанот свое обраќање имаше директорот на СОУ „Др. Ибрахим Темо„, г. Шабан Хусеини кој им се заблагодари на присутните и им го честита патронатот. Градоначалникот на општина Струга г. Рамис Мерко ги поздрави присутните и им го честита патронатот на три јазици, албански, македонски и турски.
„Младите се нашата иднина, а образованието е еден од најважните фактори во нивниот развој. Тие се иднината и за нив треба да вложиме напори да имаат што е можно подобро и побезбедно образование“ – посочи градоначалникот
Програмата продолжи со активности кои беа подготвени од страна на учениците и професорите.