vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Денес на Меѓународниот Универзитет во Струга се одржа јавна дебата со професори, функционери и луѓе од јавниот живот во Струга.

На дебатат зеде збор и Секретар на Општина Струга Соња Стојкоска која зборуваше за важноста на изборот пред кој се наоѓаме и евроинтеграциите во Република Македонија.

“Со влезот во Европската унија младите најмногу ќе ги почувствуваат придобивките за нивното најгорливо прашање – вработувањето. Тие својата иднина ќе ја гледаат дома и ќе бидат ценети заради нивното образование и знаење. Јас сум горда што денес имам чест и сите ние заедно ќе учествуваме во испишување на историјата на нашата држава” – потенцираше Стојкоска

Ова е една од активностите кои се одржуваат пред престојниот Референдум за кој јавно се дискутира за придобивките кои ја чекаат Македонија во нејзината евроинтеграција и влез во Нато алијансата.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).