Денес, Градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко заедно со своите соработници одблиску ja следеше работата на кружниот тек во индустриската технолошка развојна зона во Струга.
Оваа инвестиција е инвестиција во соработка со Општина Струга и Владата на Република Македонија и изнесува околу 2 милиони евра. Средствата беа обезбедени од државниот буџет на барање на г-дин Мерко уште во времето кога беше министер за странски инвестиции и како резултат , една година подоцна оваа инвестиција почнува да се реализира.
Во суштина овој проект е битен за Општина Струга заради тоа што ќе биде овозможено влез во градот преку овој надвозник така што градскиот собраќај ќе се обвива преку туристичкиот пат наместо регионалниот.
Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга