Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15 129/15 192/15 ,39/16, 42/16, 99/18) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11),Градоначалникот на Општина Струга.
О Р Г А Н И З И Р А
Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга.
- Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга
- Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Сектор за урбанизам , комунални дејности, собраќај и заштита на животна средина, во општина Струга секој работен ден од 8-16 часот почнувајќи од 26.11.2018 до 25.12.2018 година.
- Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 21.12.2018 (Петок), во општина Струга, со почеток во 13.00 часот.
- Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Струга во рок од 30 дена на јавен увид.
- Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: info@struga.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Струга, ул. Мајка Тереза бб, 6330 Струга.
Бр. 10-3871
23.11.2018
СТРУГА
Со почит,
Општина Струга