vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Општина Струга заедно со Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и со конзорциум на холандски компании ги истражува можностите за рехабилитација и надградба на влезната брана и истекот на рекатa Црн Дрим . Во моментов овие објекти се користат во тандем за управување со нивото на водата во Охридското езеро и им овозможуваат на ЕЛЕМ да го регулира протокот на вода на хидроцентрала во Глобочица..

За да се обезбеди  прифаќање на овие иновативни мерки на 30.01.2019 во салата на Совет на Општина Струга,  се одржа  јавната консултација со различните клучни чинители за да се увидат различните ставови и опции.

Во тесна соработка со општина Струга и ЕЛЕМ, холандскиот конзорциум последователно ќе ги искористи резултатите од оваа консултација како појдовна точка за развој на барање до холандската влада за финансирање на физибилити студија за понатамошно елаборирање на проектот.

На настанот присуствуваа преставници на амбасадата на Кралството Холандија во Р.Македонија, претставици на општините Струга, Охрид и Дебарца,  Агенцијата за енергетика, ЕЛЕМ, Водостопанство на РМ, хидробиолошкиот завод, музејот, локални НВО и  институции.

Канцеларија за односи со јавноста.
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).