Врз основа на член 37 став 1 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување Прва (конститутивна) седница на Советот на Општина Струга
Ја свикувам Првата (конститутивна) седница на Советот на Општина Струга, за 08.11.2021 год. (Понеделник) со почеток во 11:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Избор на Комисија за верификација.
- Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Струга
- Избор на Кандидациона комисија
- Избор на Претседател на Советот на Општина Струга
- Избор на Комисија за мандатни прашања избори и именувања
НАПОМЕНА: Избраните членови за Советот на општина Струга од локалните избори 2021 година за конститутивната седница со себе да понесат:
– Уверение за избран член на советот од општинската изборна комисија: – Лична карта или патна исправа, заради утврдување на идентитетот.
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседавач,
Ресул Каба
