vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 50  став 1 точка  од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на Р.М.“ бр. 5/02 ) и член 74 став 3 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр. 17/02, 30/03), а во врска со член 6 од Одлуката за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга на организации од областа на спортот, културата, социјалната заштита и невладиниот сектор бр. 07-1842/9 од 20.06.2012 година, Градоначалникот на Општина Струга, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од областа на културата и граѓански организации и фондации

Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални мпроблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации.

Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга според Законот на здруженија на граѓани и фондации.

Здруженијата кои имаат добиено финансиски средства мината година треба да достават финансиски извештај за финаскисите средтсва и активностите извршени во текот на минатата година, заедно со потребните образеци за аплицирање.

Целосниот јавен повик со потребните образеци можете да ги најдете на веб страната на Општина Струга www.struga.gov.mk

ЈАВЕН ПОВИК
П Р И Ј А В А
Временска Рамка
Буџет

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).