vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

 

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници (,,Службен весник на РМ,, бр.27/14, 199/14 , 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија 275/19, 14/20, 215/21, 99/22, 208/2024, 114/25, 252/25, 266/25), Градоначалникот на Општината Струга, донесе

                  О Д Л У К А

 за  избор на административен службеник по пат на интерен оглас  бр.02/2026

  1. УПР0101Б02000 co шифра на работно место Раководител на сектор, во Сектор за финансиски прашања – 1 (еден) извршител
    се избира кандидатот Стојанчо Шопоски .
  2. Административниот службеник ќе биде унапреден на работното место од претходниот став, по конечноста на оваа Одлука, врз основа на донесено решение.
  3. Оваа одлука стапува на сила по објавување на веб страната на Општина Струга.

О б р а з л о ж е н и е

Општина Струга спроведе постапката за унапредување на административен службеник за извршување на работите од став 1 на оваа Одлука, преку објавен интерен оглас бр. 02/2026.
Интерниот оглас беше објавен на веб страната на општина Струга и на Агенцијата за администрација на ден 03.04.2026 година.
Со решение број 04-1973/8 од 07.04.2026 година формирана е Комисија за селекција за унапредување по интерен оглас бр.02/2026, која ја спроведе постапката за административна селекција на кандидатите за унапредување. По спроведената постапка, Комисијата за селекција за унапредување изготви Записник од административна селекција за интерен оглас, број 04-1973/9 од 08.04.2026 и Записник од спроведување на интервју бр.04-1973/11 од 08.04.2026.

Врз основа на Финалната ранг листа на интервјуираниот кандидат со предлог одлука за избор на прворангираниот кандидат бр. 04-1973/14 од 08.04.2026, изготвена од страна на Комисијата за селекција за унапредување, се изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа Одлука незадоволниот кандидат може да изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната на Општина Струга.

Доставено до:

  • кандидатот,
  • Архива
  • Одделение за управување со човечки ресурси

Одлука

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначланик,
Менди Ќура

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).