vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување на 30 (триесетта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 30 (триесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 04.12.2023 година (понедлник) со почеток во 10:00 часот, во салата на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од дваесет и осма седница на Советот на општина Струга.

  1. Извештај за работењето на ЈП „Комунално“ Струга за период од 01.07 до 30.09.2023 година.
  2. Квартален извештај за финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга за трет квартал 01.01.2023-30.09.2023 година.
  3. Програма за работа и развој на ЈП „Еко Струга“ – Струга за 2024 година.
  4. Предлог – Решение за именување членови во Комисија.
  5. Предлог – Програма за дополнување на Програма за изградба на сообраќајна сигнализација на општина Струга за 2024 година.
  6. Извештај за реализација на Програмата за туризам за 2022 година.
  7. Предлог – Програма за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2024 година.
  8. Извештај за реализација на Програмата за одбележување на значајни настани и личности од нашето културно минато за 2022 година.
  9. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на култура на Општина Струга за 2022 година.
  10. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на социјалната заштита за потребите на граѓаните на Општина Струга за 2022 година.
  11. Предлог – Програма за активностите во областа на образованието на Општина Струга за 2024 година.
  12. Предлог – Програма за одбележување значајни настани и личности од нашето културно минато за 2024 година.
  13. Предлог – Програма за одржување културни настани и проекти од јавен интерес во општина Струга за 2024 година.
  14. Предлог – Програма за активностите на Општина Струга во областа на спортот и млади во 2024 година.
  15. Предлог – Програма за подршка и финансирање на НВО во Општина Струга во 2024 година.
  16. Предлог – Програма на Општина Струга за здравствена и социјална заштита за 2024 година.
  17. Предлог – Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2024 година.
  18. Предлог – Програма за заштита на животната средина 2024 година.
  19. Барање за доделување финансиска помош од лицето Ф.Т.
  20. Предлог – Одлука за продажба на движна ствар Патничко моторно возило сопственост на општина Струга.
  21. Предлог – Одлука за одредување на земјиште за привремено кампирање.
  22. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за УЕ 4, дел од Блок 12, Општина Струга.

Материјали од 30-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).