vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

за свикување на 33 (триесет и трета) седница на

Советот на општина Струга

Ја свикувам 33 (триесет и трета) седница на Советот на Општина Струга, за 07.03.2024 година (четврток) со почеток во 09:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од триесетта седница на Советот на општина Струга.

– Записник од триесет и прва седница на Советот на општина Струга.

– Записник од триесет и втора седница на Советот на општина Струга.

– Записник од трета вонредна седница на Советот на општина Струга.

  1. Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Струга.
  2. Предлог – Годишна сметка на Буџетот на општина Струга за 2023 година.
  3. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Струга за 2024 година.
  4. Одлука за извршување на Буџетот на општина Струга за 2024 година.
  5. Буџетски календар на Општина Струга за 2025 година.
  6. Извештај за извршениот попис на основни средства, инвентар, недвижен и подвижен  имот и побарувања и обврски на Општина Струга за 2023 година.
  7. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници вработени во општинската администрација на Општина Струга за 2024 година.
  8. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Струга за 2023 година.
  9. Извештај за работењето на ЈП „Комунално“ Струга за период од 01.01-31.12.2023 година.
  10. Годишен извештај за финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, 01.01.2023-31.12.2023 година.
  11. Годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – водоснабдување  за 01-2023-12.2023 година на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга.
  12. Годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – одведување на отпадни води за 01.01.2023-31.12.2023 година на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга.
  13. Извештај за работењето на ЈКП „Хигиена“ – Лабуништа за период од 01.10.2023 до 31.12.2023.
  14. Финансиски извештај за работа на четврт квартал 01.10-31.12.2023 година на ЈП „Еко Струга“ – Струга.
  15. Годишна сметка на ЈП „Еко Струга“ – Струга за 2023 година.
  16. Трет квартален извештај за работењето на ЈП „Октиси„ – с.Октиси за 2023 година.
  17. Програма за работа и развој за 2024 година на ЈП „Октиси“ – с.Октиси.
  18. Програма за работа за 2024 година на ЈП „Водовод Делогожда“ – с.Делогожда.
  19. Извештај за работата во текот на првото полугодие во учебната 2023/2024 година на ООУ „Гоце Делчев“-с.Јабланица.
  20. Измена и дополнување на Статут на ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа.
  21. Одлука за зголемување на цените на услугите што ги дава јавната установа, детска градинка ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга.
  22. Измена и дополна на Генерален урбанистички план на град Струга за Блок 8 од УЕ 2 и Детален урбанистички план во УЕ 2, дел од блок 8.1, Општина Струга плански период 2023-2028 ОБЕДИНЕТА ПОСТАПКА.
  23. Измена и дополна на Генерален урбанистички план на град Струга за Блок 8 од УЕ 1 (плански период 2023-2033) и Детален урбанистички план во УЕ 1, дел од блок 7, Општина Струга (плански период 2023-2028) ОБЕДИНЕТА ПОСТАПКА.
  24. Иницијатива за изработка на ГУП за Струга за УБ 4 во УЕ 11 и ДУП за плански опфат на дел од УЕ 11, УБ 4 во КО Струга и Мислешево вон град (обединета постапка).
  25. Иницијатива  за  изработка  на  Урбанистички проект  вон  опфат  на  урбанистички  план  со намена  А4.3-Викенд  куќи  и  други  објекти  за времено сместување на дел од КП бр.2839/40, КП бр.2839/41, КП бр.2839/42, КП бр.2839/43 и дел од КП бр.2839/3 КО Струга, Општина Струга.
  26. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 1МW и 10(20)кв средно напонски вод на КП бр.8 и КП бр.10 КО Радолишта вон град Струга.
  27. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 1МW и 10(20)кв средно напонски вод на КП бр.5 и КП бр.7 КО Радолишта вон град Струга.
  28. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на градежна парцела од ГП 30.10 според извод од ДУП за УЕ 12 (индустриска зона) дел од блок 30, со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија, во општина Струга со површина од 0,05ха, Општина Струга.
  29. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2-Лесна и незагадувачка индустрија и производство на храна, млечни производи, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и други на КП бр.850/6, КП бр.850/7, КП бр.851/6, КП бр.851/7, КП бр.852 и дел од КП бр.857 КО Подгорци, Општина Струга.
  30. Предлог – Заклучок за исправка на грешка.

Материјали од седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).