vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş


Врз основа на член 50 став 1 точка 14 од Законот за локалната самоуправа ( Службен весник на Република Македонија бр.5/02), а во врска со член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен весник на Република Македонија бр. 27/14,199/14 и 27/16,198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19 и 14/20),член 11 од Законот за пожарникарството „Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19) и член 22 од Закон за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ ,, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), Градоначалникот на Општина Струга објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 02 /2024 за вработување на неопределено работно време на 2 (два ) овластени службеници во областа на безбедноста

Пожарникар-спасител-возач на посебно возило, во Териториална противпожарна единица на Општина Струга, со звање Пожарникар-спасител-возач шифра на работно место ПОЖ 02 10 В03 000 во – 2 (два) изаршител.

Кандидатите потребно е да ги исполнуват следните услови:

Општи услови

  • кандидатот да е државјанин на Република Македонија,
    -да е полнолетен,
    -да има општа здравствена способност за работното место,
    -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност и
  • активно да го користи македонскиот јазик;

-Општи работни компетенции на основно ниво:

  • учење и развој,
  • комуникација,
  • остварување резултати,
  • работење со други/тимска работа и
  • ориентираност кон засегнати страни
    (проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју);

Посебни услови:

  • стручни квалификации : ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование ,
  • работно искуство: најмалку една година во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж;

Други посебни услови:

  • положен возачки испит –Ц категорија ; Распоред на работно време :
    Работното време на работникот се утврдува на 40 часа во работната недела.
    (полно работно време) и трае пет работни дена.
    Работното време на вработените се одвива во смени.
    Сменсокото работење трае 12 часа и тоа:
    Прва смена (дневна смена) започнува во 7,00 часот и завршува во 19,00 часот
    Втора смена(ноќна смена) започнува во 19,00 и завршува во 7,00 часот наредниот ден
    Работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време (прекувремена работа) според условите определени со ЗРО и колективниот договор . ; Паричен нето износ на плата : 25,357, денари;
  • Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат не рачунајќи го денот на објавувањето.
    Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса -Општина Струга ,ул ,,Партизанска ,, бб. Струга. Пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Струга да се достават до Одделението за управување со човечки ресурси со назнака за Јавен Оглас како и на електронска адреса ocr@struga.gov.mk Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следнава потребна документација
  • Уверение за Државјанство на РМ (оригинал или заверено на нотар).
  • Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар ).
  • Извод од историјатот на вработување од Центарот за вработување , како доказ за работното искуство (оригинал или заверен на нотар ).
    -Лекарско уверение како доказ да има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува
  • возачка дозвола за положен возачки испит –Ц категорија (заверена фотокопија на нотар); – Документот
    – уверение за со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите , проверка на веродостојност на доказите и интервју;
    Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот. Доколку при проверката се утврди дека недостасува некој од доказите , комисијата е должна да побара од кандидатот во рок од три дена да ги комплетира доказите. По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите. По проверката на веродостојност на доказите , се закажува и врши интервју. Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа. По спроведената постапка на селекција, за секое различно работно место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.
    Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена. Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето.

-Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи.

HAПOMEHA: Кандидатот кој приложил лажни податоци во пријавата за унапредување се дисквалификува од натамошна постапка.

ЈАВЕН ОГЛАС
ПРИЈАВЕН ЛИСТ

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).