Согласно член 50 став 1 точка 14 од Законот за Локалната Самоуправа („Сл. Весник на РМ„ бр.5/02) а Врз основа на член 22, член 23 од Законот за работните односи („Сл.весник на РМ.„ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 16/2010, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/2013, 54/13, 170/13, 187/13, 34/14, 113/14, 145/14, 20/15,33/2015, 72/15, 74/15, 129/15, 167/15, 27/16, 120/18, 110/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.267/2020) Градоначалникот на Општина Струга донесе
О Д Л У К А за избор на кандидат по јавен оглас број 02/2024 за вработување на овластени службеници во областа на безбедноста преку jавен oглас во Териториална противпожарна единица на Општина Стругa, на неопределно време
1. Пожарникар-спасител-возач на специално возило, во Териториална противпожарна единица на Општина Струга, со звање Пожарникар-спасител-возач шифра на работно место ПОЖ 02 10 В03 000 во – 2 (два) изаршители а, се избират:
–Харси Авмедоски
– Алил Демироски
2. Именуваниот кандидат ќе биде вработен на работното место од точка 1 по конечноста на оваа одлука за што ќе се донесе посебно решение за вработување.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување.
Образложение
На ден 25.12.2024 година, Агенцијата за Вработување – Струга објави Јавен оглас број 02/2024 во дневните весници , “Слободен печат“ и “Коха“, за вработување на 2 (два) извршител на неопределено време на работно место Пожарникар-спасител-возач на специално возило, во Териториална противпожарна единица на Општина Струга.
Со решение број 04-266/1 од 06.01.2025 година, од страна на Градоначалникот на Општина Струга, формирана е Комисија за селекција за вработување по Јавен оглас, која ја спроведе постапката за селекција за вработување на работниците согласно Законот за работен однос
По спроведената постапка, Комисијата изготви Записник од извршената а селекција за работници, број 04-266/2 од 10.01.2025 година, како и Записник од спроведена интервју за работниците, број 04-266/3 од 15.01.2025 година.
Врз основа на резултатите од сите фази на селекција изготвена е конечна ранг листа на кандидати и предлог за вработување по оглас број 02/2024 и истите се доставени до Градоначалникот на Општина Струга со допис број 04-266/4 од 15.06.2021 година.
Согласно Предлогот за вработување на кандидати по Јавен оглас број 02/2024, број 04-266/4 од 15.01.2025 година, Градоначалникот на општина Струга, донесе одлука како во диспозитивот.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поднесе приговор до Градоначалникoт во рок од 8 дена од денот на приемот на Решението

