Врз основа на Мерка 2, точка 2.2. од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, донесена во Советот на Општина Струга бр.08-1410/9 од 13.03.2026 година и Правилникот за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот за 2026 година, донесен од Советот на Општина Струга, под бр.08-6288/37 од 28.10.2026 година, Одделението за туризам на Општина Струга објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот за 2026 година
1. Предмет на поддршка:
Субвенционирање на физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот, за 2026 година.
2. Право на учество:
Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти, кои дејствуваат на територијата на Општина Струга, а се занимаваат со водење туристички групи на планински предели, со кое се промовира планинскиот туризам во сите негови форми (пешачење, планинарење, алпинизам, спортско качување, планински велосипедизам, скијање и сноубординг, јавање, еко-тури, авантуристички активности, спелеологија, културен и етно-туризам, како и фотографски туризам).
Правото на субвенција може да го остварат сите физички лица, невладини организации, здруженија и други лица наведени во член 3 од Правилник, доколку ги исполнуваат условите по тој правилник.
3. Намена на средствата:
Субвенциите се наменети за поддршка на физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти кои активно се ангажираат во организирање и водење туристички групи на планина, преку спроведување на програми, активности и проекти што придонесуваат за:
- зголемување на туристичката понуда во областа на планинскиот туризам и авантуризмот,
- промоција на безбедни и одржливи практики при водење групи,
- едукација и обука на туристички водичи и учесници,
- развој на инфраструктура и логистика потребна за планински активности,
- поттикнување на соработка меѓу локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и приватните иницијативи.
На овој начин, Општина Струга обезбедува системска поддршка за сите субјекти кои со својата работа директно придонесуваат за афирмација на планинскиот туризам и за позиционирање на Струга како современа авантуристичка дестинација.
4. Износ на средства за субвенционирање:
Износот на средствата кој ќе биде доделен на физичките лица, НВО и здруженија изнесува 200.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање.
5. Начин на аплицирање:
Физичките лица, НВО, здруженијата и другите субјекти, наведени погоре во текстот, доставуваат барање на посебен образец кој е достапен во шалтерот на општинската администрација, заедно со друга пропратна документација.
6. Потребни документи за аплицирање:
- Барање за субвенционирање,
- Копија од лична карта на барателот,
- Копија од трансакциска сметка на барателот на субвенција,
- Копија од тековна состојба од Централниот регистар,
- Акт за регистрација/основачки акт (за невладини организации и здруженија),
- Статут или друг документ со кој се докажува дејноста поврзана со планински/рурален туризам и авантуризам,
- Лиценца/цертификат за водење групи на планина,
- Потврда или референции за претходни активности/реализирани проекти во областа на планински туризам,
- Друга документација.
7. Краен рок за аплицирање:
Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 20 ноември 2026 година, од 08:00 до 16:00 часот.
НАПОМЕНА:
Доколку субјектите кои се наведени во точка 2 од овој јавен оглас, како баратели на субвенција, во текот на 2026 година користеле средства по основ на други огласи или постапки, нема да им се одобри барањето за субвенционирање, односно ќе се одбијат.
Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.
За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за Туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.
Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања.
Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.


