vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Решение за свикување 7 (седма) вонредна седница на Советот на Општина Струга

         Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 26 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр.2/18, 10/19, 22/19,  11/20, 12/22 и 14/22) и член 59 став 4 од Деловникот на Советот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр.4/18), Претседателот на Советот на Општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 7 (седма) вонредна седница на Советот на Општина Струга

            Ја свикувам 7 (седмата) вонредна седница на Советот на Општина Струга, за 13.11.2026 год. (петок) со почеток во 14:00 часот, во големата сала на Советот на Општина Струга:

            Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Предлог-Измена и дополнување на Буџетот на Општина Струга за 2026 година.

Материали од 7(седма) вонредна седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост за 2026 година

Врз основа на Мерка 2, точка 2.5. од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, донесена во Советот на Општина Струга  бр.08-1410/9 од 13.03.2026 година и Правилникот за субвенционирање на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост за 2026 година, донесен од Советот на Општина Струга, под бр.08-6288/40 од 28.10.2026 година, Одделението за туризам на Општина Струга објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост за 2026 година

1. Предмет на поддршка:

Субвенционирањето опфаќа поддршка на културни, едукативни и промотивни активности кои придонесуваат за создавање услови за основање, развој и афирмација на приватни музеи и уметнички галерии.

Таквите активности можат да вклучуваат организирање изложби, културни настани, едукативни програми, промотивни кампањи и иницијативи за афирмација на културното наследство и современата уметничка продукција.

На тој начин субвенционирањето би помогнало во поттикнување на нови иницијативи, создавање инфраструктура и интегрирање на приватните музеи и галерии во културниот и туристичкиот живот на општината.

Целта е да се обезбеди промоција на туризмот, афирмација на културното наследство, поттикнување на креативноста и збогатување на целокупната културна понуда на Струга како туристичка дестинација.

2. Право на учество:

Право на учество имаат сите музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост кои дејствуваат на територијата на Општина Струга, доколку ги исполнуваат условите од Правилникот за субвенционирање на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост за 2026 година.

3. Намена на средствата:

Средствата се наменети за поддршка на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост кои преку својата дејност придонесуваат за зачувување, презентација и афирмација на културното наследство и современото уметничко творештво во Струга, а воедно претставуваат значаен сегмент од туристичката понуда и фактор за развој на културниот туризам.

За таа цел, Одделението за туризам предвидува доделување субвенции.

4. Износ на средства за субвенционирање:

Средствата за субвенционирање се обезбедни во буџетот на Општина Струга за 2026 година, во Програмата Г2-Општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите.

Износот на средствата кој ќе биде доделен на субјектите од точка 2 изнесува 200.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање, за 2026 година.

5. Начин на аплицирање:

За остварување на правото за добивање субвенција согласно Правилникот, музеите и уметничките галерии во приватна сопственост кои ја вршат дејноста на територијата на Општина Струга  барањето заедно со потребната документација го доставуваат на шалтерот на општинската администрација на Општина Струга, секој работен ден од 08.00 часот до 16.00 часот.

6. Потребни документи за аплицирање:

  • Барање за субвенционирање,
  • Копија од лична карта на барателот,
  • Копија од трансакциска сметка на барателот на субвенција,
  • Копија од тековна состојба од Централниот регистар,
  • Акт за регистрација/основачки акт (за невладини организации и здруженија),
  • Статут или друг документ со кој се докажува дејноста поврзана со музеологија, ликовна уметност или културна промоција,
  • Потврда или референции за претходни активности/реализирани проекти во областа на културата (изложби, поставки, програми),
  • Друга документација.

7. Краен рок за аплицирање:

Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 27 ноември 2026 година.

НАПОМЕНА:

Доколку субјектите кои се наведени во точка 2 од овој јавен оглас, како баратели на субвенција, во текот на 2026 година користеле средства по основ на други огласи или постапки, нема да им се одобри барањето за субвенционирање, односно ќе се одбијат.

Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.

За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.

Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања. Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

Јавен повик

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА Бр.01/2026 -За отуѓување на градежно земијште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во КО Струга

И С П Р А В К А НА О Б Ј А В А  Бр.01/2026

За отуѓување на градежно земијште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во КО Струга

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на физички лица за добивање лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, за давање туристички услуги на територијата на Општина Струга за 2026 год.

Врз основа на Мерка 2, точка 2.4. од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, донесена во Советот на Општина Струга  бр.08-1410/9 од 13.03.2026 година и Правилникот за субвенционирање на физички лица за добивање лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, за давање туристички услуги на територијата на Општина Струга за 2026 година, донесен од Советот на Општина Струга, под бр.08-6288/39 од 28.10.2026 година, Одделението за туризам на Општина Струга објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за добивање лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, за давање туристички услуги на територијата на Општина Струга за 2026 год.

1. Предмет на поддршка:

Заради промоција на Општина Струга како туристичка дестинација, со посебен акцент на развој на туристичките услуги и професионализација на дејноста туристички водичи, придружници и туристички водичи на планина, се предвидува доделување субвенции согласно Правилник, за 2026 година.

2. Право на учество:

Право на учество имаат сите физички лица кои сакаат да стекнат лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, доколку ги исполнуваат услови од Правилникот за субвенционирање на физички лица за добивање лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, за давање туристички услуги на територијата на Општина Струга за 2026 година.

3. Намена на средствата:

Субвенциите имаат за цел да обезбедат финансиска поддршка на физички лица кои се стремат кон стекнување лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, со што се поттикнува зголемување на квалитетот на туристичките услуги, унапредување на безбедноста на туристите и промоција на културното и природното наследство на Општина Струга.

Преку оваа мерка се создава основа за развој на професионален кадар во областа на туризмот, кој ќе придонесе за подобрување на имиџот и одржлив развој на туристичката понуда на Струга.

За таа цел, Одделението за туризам предвидува доделување субвенции.

4. Износ на средства за субвенционирање:

Средствата за субвенционирање се обезбедни во буџетот на Општина Струга за 2026 година, во Програмата Г2-Општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите.

Износот на средствата кој ќе биде доделен на субјектите изнесува 200.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање, за 2026 година.

5. Начин на аплицирање:

Физичките лица кои сакаат да стекнат лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, за 2026 година,  барањето заедно со потребната документација го доставуваат на шалтерот на општинската администрација на Општина Струга, секој работен ден од 08.00 часот до 16.00 часот.

6. Потребни документи за аплицирање:

  • Барање (пополнет образец) за субвенционирање,
  • Копија од лична карта на барателот,
  • Копија од трансакциска сметка на барателот на субвенција,
  • Доказ за државјанство на Република Северна Македонија,
  • Доказ за завршено образование (диплома или свидетелство),
  • Доказ за запишување во високообразовни институции за туризам и угостителство, заради полагање испит за добивање лиценца за туристички водич/придружник/водич на планина (доколку се запишале)
  • Потврда за познавање на странски јазик,
  • Потврда од Основен суд Струга дека лицето не е осудувано за кривични дела кои би влијаеле на вршењето на дејноста,
  • Друга документација (потврда или референции за претходни активности во делот на водење туристички групи).

7. Краен рок за аплицирање:

Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 27 ноември 2026 година.

НАПОМЕНА:

Доколку субјектите кои се наведени во точка 2 од овој јавен оглас, како баратели на субвенција, во текот на 2026 година користеле средства по основ на други огласи или постапки, нема да им се одобри барањето за субвенционирање, односно ќе се одбијат.

Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.

За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.

Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања. Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

Јавен повик

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, заради промоција на туризмот на Струга

Врз основа на Мерка 2, точка 2.3. од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, донесена во Советот на Општина Струга  бр.08-1410/9 од 13.03.2026 година и Правилникот за субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, а се  интересни заради промоција на туризмот на Струга за 2026 година, донесен од Советот на Општина Струга, под бр.08-6288/38 од 28.10.2026 година, Одделението за туризам на Општина Струга објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, заради промоција на туризмот на Струга

1. Предмет на поддршка:

Субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, а се интересни за промоција на туризмот.

2. Право на учество:

Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица – занаетчии, кои дејствуваат на територијата на Општина Струга, кои се занимаваат со  одредени занаети (рачна изработка на производи или услуги што бараат специфични работни вештини), се дел од еснафи (здруженија на занаетчии), а нивната работа е поврзана со туризмот и збогатувањето на туристичката понуда на Струга како туристичка дестинација.

3. Намена на средствата:

Средствата се наменети за поддршка на занаетчиите кои, преку своите традиционални ракотворби, ја отсликуваат културната историја и идентитетот на заедниците во Струга, претставуваат значајни носители на културното наследството, а нивните уникатни производи истовремено придонесуваат како атрактивна туристичка понуда и како важен фактор за развој на локалната економија. За таа цел, Одделението за туризам предвидува доделување субвенции.

4. Износ на средства за субвенционирање:

Средствата за субвенционирање на физичките лица-занаетчии се обезбедни во буџетот на Општина Струга за 2026 година, во Програмата Г2-Општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите.

Износот на средствата кој ќе биде доделен на физичките лица – занаетчии изнесува 200.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање, за 2026 година.

5. Начин на аплицирање:

Физичките лица – занаетчии, доставуваат барање на посебен образец кој е достапен во шалтерот на општинската администрација, заедно со друга пропратна документација.

6. Потребни документи за аплицирање:

  • Барање за субвенционирање,
  • Копија од тековна состојба од Централниот регистар (дејност: занаетчии),
  • Копија од потврда од упис во Занаетчиска комора,
  • Копија од лична карта на барателот,
  • Копија од трансакциска сметка на барателот на субвенција,
  • Друга документација.

7. Краен рок за аплицирање:

Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 25 ноември 2026 година.

НАПОМЕНА:

Доколку субјектите кои се наведени во точка 2 од овој јавен оглас, како баратели на субвенција, во текот на 2026 година користеле средства по основ на други огласи или постапки, нема да им се одобри барањето за субвенционирање, односно ќе се одбијат.

Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.

За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.

Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања. Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

Јавен повик

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот за 2026 година

Врз основа на Мерка 2, точка 2.2. од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, донесена во Советот на Општина Струга  бр.08-1410/9 од 13.03.2026 година и Правилникот за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот за 2026 година, донесен од Советот на Општина Струга, под бр.08-6288/37 од 28.10.2026 година, Одделението за туризам на Општина Струга објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот за 2026 година

1. Предмет на поддршка:

Субвенционирање на физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот, за 2026 година.

2. Право на учество:

Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти, кои дејствуваат на територијата на Општина Струга, а се занимаваат со водење туристички групи на планински предели, со кое се промовира планинскиот туризам во сите негови форми (пешачење, планинарење, алпинизам, спортско качување, планински велосипедизам, скијање и сноубординг, јавање, еко-тури, авантуристички активности, спелеологија, културен и етно-туризам, како и фотографски туризам).

Правото на субвенција може да го остварат сите физички лица, невладини организации, здруженија и други лица наведени во член 3 од Правилник, доколку ги исполнуваат условите по тој правилник.

3. Намена на средствата:

Субвенциите се наменети за поддршка на физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти кои активно се ангажираат во организирање и водење туристички групи на планина, преку спроведување на програми, активности и проекти што придонесуваат за:

  • зголемување на туристичката понуда во областа на планинскиот туризам и авантуризмот,
  • промоција на безбедни и одржливи практики при водење групи,
  • едукација и обука на туристички водичи и учесници,
  • развој на инфраструктура и логистика потребна за планински активности,
  • поттикнување на соработка меѓу локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и приватните иницијативи.

На овој начин, Општина Струга обезбедува системска поддршка за сите субјекти кои со својата работа директно придонесуваат за афирмација на планинскиот туризам и за позиционирање на Струга како современа авантуристичка дестинација.

4. Износ на средства за субвенционирање:

Износот на средствата кој ќе биде доделен на физичките лица, НВО и здруженија изнесува 200.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање.

5. Начин на аплицирање:

Физичките лица, НВО, здруженијата и другите субјекти, наведени погоре во текстот, доставуваат барање на посебен образец кој е достапен во шалтерот на општинската администрација, заедно со друга пропратна документација.

6. Потребни документи за аплицирање:

  • Барање за субвенционирање,
  • Копија од лична карта на барателот,
  • Копија од трансакциска сметка на барателот на субвенција,
  • Копија од тековна состојба од Централниот регистар,
  • Акт за регистрација/основачки акт (за невладини организации и здруженија),
  • Статут или друг документ со кој се докажува дејноста поврзана со планински/рурален туризам и авантуризам,
  • Лиценца/цертификат за водење групи на планина,
  • Потврда или референции за претходни активности/реализирани проекти во областа на планински туризам,
  • Друга документација.

7. Краен рок за аплицирање:

Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 20 ноември 2026 година, од 08:00 до 16:00 часот.

НАПОМЕНА:

Доколку субјектите кои се наведени во точка 2 од овој јавен оглас, како баратели на субвенција, во текот на 2026 година користеле средства по основ на други огласи или постапки, нема да им се одобри барањето за субвенционирање, односно ќе се одбијат.

Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.

За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за Туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.

Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања.

Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

Јавен повик

ЈАВЕН ПОВИК за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2025 година за сите физички лица даватели на услуги за сместување туристи

Врз основа на Мерка 2, точка 2.1. од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, донесена во Советот на Општина Струга  бр.08-1410/9 од 13.03.2026 година и Правилникот за субвенционирање на таксата за привремен престој (туристичка такса) на физички лица даватели на услуги за сместување туристи на територија на Општина Струга за 2025 година, донесен од Советот на Општина Струга, под бр.08-6288/36 од 28.10.2026 година, Одделението за туризам на Општина Струга објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2025 година за сите физички лица даватели на услуги за сместување туристи

1. Предмет на поддршка:

Враќање на уплатената такса за привремен престој за 2025 година за сите физички лица даватели на услуги за сместување на туристи, а кои се категоризирани со решение на Општина Струга.

2. Право на учество:

Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица даватели на услуги за сместување на туристи кои се категоризирани на територијата на Општина Струга кои уплатиле такса за привремен престој од 01.01.2025 заклучно со 31.12.2025 година.

Правото на учество на овој јавен повик се докажува со уплатница/извод од банка за извршената уплата на средства на сметка на Општина Струга.

3. Намена на средствата:

Со цел поддршка на угостителските капацитети за сместување туристи на територијата на Општина Струга, особено на физичките лица кои даваат услуги за сместување туристи, Одделението за туризам предвидува враќање на таксата за привремен престој (туристичка такса) директно на овие субјекти кои во 2025 година ја имаат уплатено горенаведената такса.

4. Износ на средства за враќање:

Износот на средствата кој ќе биде доделен на физичките лица даватели на услуги за сместување на туристи е 60% од вкупниот износ на уплатените средства на сметка на Општина Струга (на име: комуналната такса за привремен престој, уплатна сметка 840-165-03205, приходна шифра и програма 717111-00)

5. Начин на аплицирање:

Физичките лица даватели на услуги за сместување на туристи кои уплатиле такса за привремен престој (туристичка такса) во 2025 година на сметка на Општина Струга, доставуваат барање на посебен образец кој е достапен на шалтерот на општинската администрација.

6. Потребни документи за аплицирање:

  • Барање
  • Доказ  за платена такса (уплатница/извод од соодветна банка на уплата)
  • Трансакциска сметка за физичките лица

7. Краен рок за аплицирање:

Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 18 ноември 2026 година.

НАПОМЕНА:

Барањата за враќање на износот на уплатената такса за привремен престој (туристичка такса) од сите физички лица даватели на услуги за сместување туристи ќе се разгледуваат поединечно, а ќе се одбијат оние кои нема да ги исполнуваат условите по овој јавен повик.

За потврда на веродостојноста на податоците за физичките лица (за уплатената такса) ќе се изврши проверка во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.

Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања. Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

Јавен Повик

Решение за свикување 10 (десета) седница на Советот на општина Струга

         Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 10 (десета) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 10 (десета) седница на Советот на Општина Струга, за 28.10.2026 год. (среда) со почеток во 09:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

            Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  • Записник од 5-та вонредна седница на Совет на Општина Струга, одржана на ден 07.07.2026 година.
  • Записник од 6-та вонредна седница на Совет на Општина Струга, одржана на ден 18.09.2026 година.
  1. Решение за запирање на објавувањето на Одлука за недавање согласност на Годишен план за вработување во Општина Струга за 2027 година, бр.08-5655/3 од 18.09.2026 година.
  2. Решение за запирање на објавувањето на Одлука за недавање согласност на Годишен план за вработување во ЈП “Еко Струга“ Струга за 2027 година, бр.08-5655/4 од 18.09.2026 година.
  3. Решение за запирање на објавувањето на Заклучок за повлекување на согласност на Годишен план за вработување во ЈП “Водовод и канализација“ Струга за 2027 година, бр.08-5655/5 од 18.09.2026 година.
  4. Решение за запирање на објавувањето на Заклучок за повлекување на согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во ЈП “Водовод и канализација“ Струга за 2026 година, бр.08-5655/6 од 18.09.2026 година.
  5. Предлог-Измена и дополнување на Буџетот на Општина Струга за 2026 година.
  6. Годишна програма за работа на СОУ “Д-р Ибрахим Темо“ Струга за учебната 2026/2027 година.
  7. Годишна програма за работа на СОУ “Нико Нестор“ Струга за учебната 2026/2027 година.
  8. Барање согласност за формирање паралелки со помал број ученици за учебната 2026/2027 година од СОУ “Д-р Ибрахим Темо“ Струга.
  9. Барање согласност за формирање паралелки со помал број од 25 ученици од СОУ “Нико Нестор“ Струга.
  10. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Браќа Миладиновци“ – Струга за учебната 2026/2027 година (I и VI одделение).
  11. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Браќа Миладиновци“ – Струга за учебната 2026/2027 година (II, III, IV, V, VII, VIII и IX одделение)
  12. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за учебната 2026/2027 година (I и VI одделение).
  13. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за учебната 2026/2027 година(II, III, IV, V, VII, VIII и IX одделение)
  14. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Зини Хани“ – с.Велешта за учебната 2026/2027 година (I и VI одделение).
  15. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Зини Хани“ – с.Велешта за учебната 2026/2027 година (II, III, IV, V, VII, VIII и IX одделение)
  16. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Ашим Агуши“ – с.Радолишта за учебната 2026/2027 година(I и VI одделение).
  17. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Ашим Агуши“ – с.Радолишта за учебната 2026/2027 година (II, III, IV, V, VII, VIII и IX одделение)
  18. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Нури Мазари“ – с.Делогожда за учебната 2026/2027 година (I и VI одделение).
  19. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Нури Мазари“ – с.Делогожда за учебната 2026/2027 година (II, III, IV, V, VII, VIII и IX одделение)
  20. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Единство“ – с.Октиси за учебната 2026/2027 година(I и VI одделение).
  21. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Единство“ – с.Октиси за учебната 2026/2027 година (II, III, IV, V, VII, VIII и IX одделение)
  22. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Јосип Броз Тито“ – Струга за учебната 2026/2027 година (I и VI одделение).
  23. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Јосип Броз Тито“ – Струга за учебната 2026/2027 година (II, III, IV, V, VII, VIII и IX одделение).
  24. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Гоце Делчев“ – с.Подгорци за учебната 2026/2027 година(I и VI одделение).
  25. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Гоце Делчев“ – с.Подгорци за учебната 2026/2027 година (II, III, IV, V, VII, VIII и IX одделение).
  26. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Св. Климент Охридски“ – с.Драслајца за учебната 2026/2027 година (I и VI одделение).
  27. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Св. Климент Охридски“ – с.Драслајца за учебната 2026/2027 година (II, III, IV, V, VII, VIII и IX одделение).
  28. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Гоце Делчев“ – с.Јабланица за учебната 2026/2027 година(I и VI одделение).
  29. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Гоце Делчев“ – с.Јабланица за учебната 2026/2027 година(II, III, IV, V, VII, VIII и IX одделение).
  30. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Орхан Џемаили“ – с.Горно Татеши за учебната 2026/2027 година (I и VI одделение).
  31. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “Орхан Џемаили“ – с.Горно Татеши за учебната 2026/2027 година (II, III, IV, V, VII, VIII и IX одделение).
  32. Годишен план за вработување во ООУ “Зини Хани“ с.Велешта за 2027 година.
  33. Годишен план за вработување во ЈКП “Хигиена“ Лабуништа за 2027 година.
  34. Извештај за работењето на ЈКП “Хигиена“ Лабуништа за период од 01.04.2026 до 30.06.2026 како и споредување со постигнатите финансиски резултати за период од 01.04.2025 до 30.06.2025.
  35. Предлог – Одлука за утврдување на цените на услугите за подигање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од физички и правни лица што ги врши ЈКП “Хигиена“ Лабуништа.
  36. Квартален извештај за финансиското работење на ЈП “Водовод и канализација“ Струга за втор квартал 01.01.2026-30.06.2026 година.
  37. Предлог – Одлука за поведување на постапка за експропријација на недвижности за вршење на дејност од јавен интерес и обезбедување средства за надоместок по иницијатива на ЈП „Водовод и канализација“ Струга.
  38. Предлог – Правилник за субвенционирање на таксата за привремен престој (туристичка такса) на физички лица даватели на услуги за сместување туристи на територијата на Општина Струга за 2025 година.
  39. Предлог – Правилник за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризам за 2026 година.
  40. Предлог – Правилник за субвенционирање на физички лица-занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, а се интересни заради промоција на туризмот на Струга за 2026 година.
  41. Предлог – Правилник за субвенционирање на физички лица за добивање лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, за давање туристички услуги на територијата на Општина Струга за 2026 година.
  42. Предлог – Правилник за субвенционирање на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост за 2026 година.
  43. Предлог – Правилник за постапка за управување со ефектот на вработените во територијалната противпожарна единица
  44. Предлог – Правилник за критериуми за селекција на кандидати за вработување во Територијалната Противпожарна единица во Општина Струга.
  45. Предлог – Правилник за спроведување постапка на селекција при унапредување на вработените во територијалната противпожарна единица.
  46. Предлог-Решение за формирање Комисија за односи меѓу заедниците.
  47. Предлог-Решение за дополнување на Решение за именување членови на Управен одбор на ЈОУДГ “8-ми Март“-Струга.
  48. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Струга од Република Северна Македонија со Општина Сан Деметрио Короне, Општина Сан Космо Албанезе и Општина Санта Софија Д‘епиро од Република Италија.
  49. Иницијатива за изменување и дополнување на УЕ 9 Блок 24 (дел од измена и дополна на ГУП Струга 2007 – 2017) и изработка на ДУП за дел од УЕ 9 Блок 24 во обединета постапка – Општина Струга, поднесена од Бране Дамјаноски, Ѓорѓи Дамјаноски, Спасе Дамјаноски, Јован Дамјаноски, Наташа Љушва, Гоце Цветкоски, Бранкица Лакоска и Ристе Дамјаноски од Струга.
  50. Предлог – Одлука за усвојување на физибилити студија за оправданоста на доделување на концесија на добра од општ интерес или договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство „Контрола и управување на проблемот со кучиња скитници“.
    1. Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство
    2. Предлог – Програма за зимско одржување на локални патишта и улици на Општина Струга за 2026/2027 година.
    3. Предлог – Програма за пречек на Новата 2027 година.

Материали од 10-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

Решение за свикување 9 (девета) седница на Советот на општина Струга

         Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 9 (девета) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 9 (девета) седница на Советот на Општина Струга, за 31.08.2026 год. (понеделник) со почеток во 11:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

            Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Финансиски извештај (I квартал -2026 година) на ЈП „Еко Струга„ – Струга.
  2. финансиски извештај (II квартал -2026 година) на ЈП „Еко Струга„ – Струга
  3. Предлог – Одлука за финансиско учество за проект „Подготовка на техничка документација за довршување на транзитен колектор за с.Биџево, с.Ливада и с. Дологожда“.
  4. Предлог – Одлука за престанување со работа на ПОУ „Лирија„ – c.Богојци“ при ООУ „Орхан Џемаили“ – с. Горно Татеши, Општина Струга.
  5. Предлог – Одлука за престанување со работа на ПОУ „Реџеп Фејза„ – c.Џепин и ПОУ „Бајрам Асани„ – с. Поум при ООУ „Нури Мазари“ – с. Делогожда, Општина Струга.
  6. Предлог – Одлука за престанување со работа на ПОУ во с.Нерези при ООУ „Гоце Делчев “ – с. Јабланица, Општина Струга
  7. Годишен извештај за работа за учебната 2025/2026 година на ООУ „Нури Мазари“ с.Дологожда.
  8. Годишен извештај за работа за учебната 2025/2026 година на ООУ „Мурат Лабуништи“ с.Лабуништа.
  9. Годишен извештај за работа за учебната 2025/2026 година на ООУ „Зини Хани“ с.Велешта.
  10. Годишен извештај за работа за учебната 2025/2026 година на ООУ „Гоце Делчев“ с.Подгорци“.
  11. Годишен извештај за работа за учебната 2025/2026 година на Основното општинско музичко училиште Струга.
  12. Годишна програма за работа за учебната 2026/2027 година на ООУ „Нури Мазари“ с.Дологожда.
  13. Годишна програма за работа за учебната 2026/2027 година на ООУ „Ашим Агуши“ с.Радолишта.
  14. Годишна програма за работа за учебната 2026/2027 година на ООУ „Единство“ с.Октиси
  15. Годишна програма за работа за учебната 2026/2027 година на ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга
  16. Годишна програма за работа за учебната 2026/2027 година на ООУ “Гоце Делчев“ с.Јабланица.
  17. Годишна програма за работа за учебната 2026/2027 година на ООУ „Свети Климент Охридски“ с.Драслајца.
  18. Годишна програма за работа за учебната 2026/2027 година на ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
  19. Годишна програма за работа за учебната 2026/2027 година на ООУ „Мурат Лабуништи“ с.Лабуништа.
  20. Годишна програма за работа за учебната 2026/2027 година на ООУ „Орхан Џемаили“ с.Горно Татеши.
  21. Годишна програма за работа за учебната 2026/2027 година на ООУ „Зини Хани“ с.Велешта.
  22. Годишна програма за работа за учебната 2026/2027 година на ООУ „Гоце Делчев“ с.Подгорци“.
  23. Годишна програма за работа за учебната 2026/2027 година на Основното општинско музичко училиште Струга.
  24. Предлог – Решение за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи.
  25. Предлог – Решение за формирање комисија за односи меѓу заедниците.
  26. Предлог – Решение за формирање совет за јавно здравје.
  27. Предлог – Решение формирање Совет за заштита на потрошувачите.
  28. Предлог – Решение за именување на членови на управен одбор на ЈОУДГ „8-ми март„ Струга.
  29. Предлог – Правилник за субвенционирање на физички лица за добивање лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, за давање туристички услуги на територијата на Општина Струга за 2026 година.
  30. Предлог – Правилник за субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, а се се интересни заради промоција на туризмот на Струга за 2026 година.
  31. Предлог – Правилник за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот за 2026 година.
  32. Предлог – Правилник за субвенционирање на таксата за привремен престој (туристичка такса) на физички лица даватели на услуги за сместување туристи на територија на Општина Струга за 2025 година.
  33. Предлог – Правилник за субвенционирање на локални музеји (музејски изложби) и уметнички галерии во приватна сопственост за 2026 година.
  34. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Адилхане Речи.
  35. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Албреша Елмази.
  36. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Јово Мариноски.
  37. Иницијатива за изменување и дополнување на УЕ 9 Блок 24 (измена и дополна на ГУП Струга 2007 – 2017) и изработка на ДУП за дел од УЕ 9 Блок 24 во обединета постапка – Општина Струга, поднесена од Бране Дамјаноски, Наташа Љушева, Гоце Цветкоски, Бранкица Лакоска и Ристе Дамјаноски од Струга.
  38. Физибилити Студија за оправданост на доделување на концесија на добра од општ интерес или договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство ,,Контрола и управување на проблемот со кучиња скитници,,.
  39. Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство.
  40. Предлог-Одлука за поништување на донесен правен акт од страна на Совет на Општина Струга бр. Одлука за одредување на земјиште за привремено кампирање бр. 08 – 3877/4 од 07.07.2026,
  41. Предлог – Одлука за одредување на земјиште за привремено кампирање, по барање на Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ МОЛИКА ДООЕЛ Битола број 08-4676/1 од 13.08.2026 година.

Материали од седницата

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

ЈАВЕН ПОВИК-ЈП „ОКТИСИ“ -Октиси

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и „Службен весник на РСМ” бр.202/24), член 17-а став 2, член 26 и члеч 26~a од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македоиија” бр.38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06,22/07, 8 3/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/1.4, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/19, 89/22, 274/22 и 208/24), член 2 од Правилникот за формата и содржината најавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавуваве и начинот на бодување и селекција ва кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.213/2024) и член 88 став 2 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на општина Струга“ бр.2/18, 10/19, 22/19, 11/20, 12/22 и 14/22),, a пo предлог на Градоначалникот, Советот на Општина Струга објавува:


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА
ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ВО УПРАВЕН ОДБОР И НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА
МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ЈП „ОКТИСИ“ -Октиси
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК


Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на седум члена во управен и три члена во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Oктиси,, co седиште во с.Октиси, Струга.
Постапката ќе ce спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.213/2024).
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите лица кои ќе изразат интерес за пријавување и кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.
Јавниот повик co сите услови ce објавува на веб страната на Општина Струга https://www.struga.gov.mk/ .

УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА CE ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
За член на управен одбор и надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Oктиси,, -Октиси може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:

  • е државјанин на Република Северна Македонија;
  • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие и во доментот на именувањето co правосилна судска пресуда не му е изречена. казна или прекршочна санкција забрана за вршење на. професија, дејност или должност.
    Членовите на управниот одбор на ЈП „Oктиси,, -Октиси треба да имаат најмалку пет- години работно искуство од кои:
    Најмалку еден член на управниот одбор co работно искуство од областа на финансиското работење и
    Најмалку еден член на управниот одбор co работно искуство од областа на правните работи.
    Членовите на надзорниот одбор на ЈП „Oктиси,, -Октиси треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:
    еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,
    еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и
    еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.
    Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор и на надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Oктиси,, -Октиси изнесува четири години, co право на уште еден последователен мандат.
    РАБОТНИ ЗАДАЧИ, ОДГОВОРНОСТИ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА ЧЛЕНОВИТЕ ВО УПРАВЕН ОДБОР И НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА КОНТРОЛА НА МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ
    Согласно член 19 од Законот за јавните претпријатија, Управниот одбор ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:
    Управниот одбор на јавното претпријатие го донесува статутот на јавното претпријатие, ги усвојува програмата за работа и развој на јавното претпријатие, ја утврдува деловната политика, ги усвојува тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие, одлучува за употребата на средства остварени co работењето на јавното претпријатие и покривањето на загубите, ги донесува одлуките за инвестиции, ги утврдува цените на производите и услугите, одлучува за внатрешната организација на јавното претпријатие, го донесува актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во јавното претпријатие и друго.
    Согласно член 27 од Законот за јавните претпријатија, Надзорниот одбор ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:
    Заради вршење на работите на контрола, надзорниот одбор за контрола може да врши испитување на лице место на сите документи и списи на јавното претпријатие. Надзорниот одбор за контрола може заради испитување на документите и списите на јавното претпријатие да повика стручни лица кои ќе му помагаат во решавањето на надзорот.
    Членовите на надзорниот одбор за контрола можат да присуствуваат на седницата на управниот одбор и им ce доставува покана co сите материјали што им ce доставуваат на членовите на управниот одбор.
    Надзорниот одбор за контрола задолжително ги препкдува тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење. годишните сметки и извештајот за работа на јавното претпријатие и ио прегледувањето му дава мислење на управниот одбор. Управниот одбор не може да ги усвои тримесечниле извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, годишните сметки PI извештајот за работењето на јавното претпријатие. ако претходно не добие позитивио мислење од надзорниот одбор за контрола.
    Надзорниот одбор за контрола може да дава одобрение на актите донесени од управниот одбор, доколку тоа е утврдено co статутот на јавното претпријатие.
    Извештајот за прегледот на годишните сметки и извештајот за работењето на јавното претпријатие co свое мислење, надзорниот одбор за контрола му го доставува на министерот за финансии. Во извештајот до министерот за финансии, надзорниот одбор за контрола го известува за состојбата на јавното претпријатие врз чие работење врши контрола. Надзорниот одбор за контрола копие од извештајот му доставува и на министерот надлежен за работите на соодветната дејност.
    Претседателот на надзорниот одбор на јавното претпријатие или доколку претседателот од оправдани причини не е во можност да присуствува членот на надзорниот одбор овластен од претседателот, е должен да присуствува на седницата на Советот на општината, кога ce дискутира и ce одлучува за работи и документи од надлежност на надзорниот одбор на јавното претпријатие.
    Надзорниот одбор задолжително ce состанува најмалку четири пати годишно.
    НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
    Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на управниот одбор и надзорниот одбор на ЈП „Oктиси,, -Октиси ce:
    Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
    Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
    Потврда дека co правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    Потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија;
    Историјат на работните односи од Агенцијата за вработување на РСМ;
  • Кратка биографија;
    Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи од областа за која треба да бидат членовите на управниот, односно надзорниот одбор издадени од овластени односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон. 
    ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЧЛЕНОВИТЕ
    Постапката за селекција на кандидатите за членови во Управен одбор и Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Oктиси,, -Октиси ce состои од две фази и тоа:
    Фаза 1 – административна селекција (фаза во која ce врши проверка на внесените податоци во пријавата co условите од јавниот повик кои треба да ce идентични co условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и ce врши нивно бодување) и
    Фаза 2 – интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи ce проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и ce врши нивно бодување, a ce поставуваат и општи прашања co кои ce проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.).
    Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Струга.
    РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
    Јавниот повик ce објавува на ден 13.08.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до 19.08.2026 година.
    Пријавените кандидати, соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно co пополнета Пријава на образец за пријавување (Прилог бр. 1) да ја достават до:
    Архивата на Општина Струга, Ул.,,Маршал Тито” бб, Струга (co назнака: За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидат за избор на член во Управен одбор/Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Oктиси,, -Октиси.

Незадоволните кандидати од изборот за членови во управен одбор и надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно co Законот за управни спорови.
Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои ce доставени по истекот на предвидениот рок нема да ce разгледуваат.


ФОРМУЛАР


ПРЕТСЕДАТЕЛ на Советот на Општина Струга
Мите Стефоски