vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Јавен увид за КП 3454/4 КО Мислешево

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15 129/15 192/15 ,39/16 и 42/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11),Градоначалникот на Општина Струга.

О Р Г А Н И З И Р А

            Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за  локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за КП 3454/4 КО Мислешево, со намена А4- ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ со површина од 0.83 ха, Општина Струга.

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за КП 3454/4 КО Мислешево, со намена А4- ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ со површина од 0.83 ха, Општина Струга.
  1. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Сектор за урбанизам , комунални дејности, собраќај и заштита на животна средина, во општина Струга секој работен ден од 8-16 часот  почнувајќи од 31.10.2018 до 30.11.2018 година. 
  2. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 23.11.2018 (Петок), во општина Струга, со почеток во 15.00 часот.
  3. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Струга во рок од 30 дена на јавен увид.
  4. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: info@struga.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Струга, ул. Мајка Тереза бб, 6330 Струга.

    Бр. 10-3088
    31.10.2018
    СТРУГА 

Со почит,
Општина Струга

Извештај за стратегиска оцена за КП 3454/4, КО Мислешево, Општина Струга

Извештај за стратегиска оцена на животна средина за локална урбанистичка планска  документација за КП 3454, КО Мислешево, со намена А4- Времено сместување, со површина од 0,83 ха, Општина Струга

ПРИЛОГ

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена (10-3871)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република    Македонија“   бр.  53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 07.09.2018 година, донесе:

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена


1. За Планска програма за изработка на Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга  потребно  е  да  се  спроведе стратегиска  оцена  на  влијанието  врз  животната  средина   согласно  член  65  од   Законот    за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за изработка на Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга, се определуваат следните субјекти:
Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За изработка на Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга, за чија изработка е одговорен ЧИП ГРОУП ДООЕЛ, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска програма за изработка на Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга, ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната   веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
6. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

ФОРМУЛАР

Бр. 10-3871
07.09.2018
СТРУГА

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена (10-3960)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република    Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 13.09.2018 година, донесе:

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

1. За Планска програма за изработка на локална урбанистичка планска документација со намена Г2- ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИА (ФАРМА ЗА КОКОШКИ) на КП 1820 КО Корошишта Џепин, Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга потребно е  да  се  спроведе стратегиска  оцена  на  влијанието  врз  животната  средина   согласно  член  65  од   Законот    за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за изработка на локална урбанистичка планска Документација со намена Г2- ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИА (ФАРМА ЗА КОКОШКИ) на КП 1820 КО Корошишта Џепин, Општина Струга, се определуваат следните субјекти:
Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За изработка на локална урбанистичка планска Документација со намена Г2- ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИА (ФАРМА ЗА КОКОШКИ) на КП 1820 КО Корошишта Џепин, Општина Струга, за чија изработка е одговорен е ПЛАНЕРИС ДООЕЛ КУМАНОВО, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска програма за изработка на локална урбанистичка планска документација со намена Г2- ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИА (ФАРМА ЗА КОКОШКИ) на КП 1820 КО Корошишта Џепин, Општина Струга, ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната   веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
6. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

ФОРМУЛАР

Бр.10-3960
13.09.2018
СТРУГА

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко