vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Надлежностите на градоначалникот можат да се поделат во два дела на работи и тоа како надлежности на општината и раководење на општинската администрација.

Во извршување на надлежностите на општината градоначалникот:

  • ја претставува и ја застапува општината;
  • ја контролира законитоста на прописите на советот;
  • ги објавува прописите во службениот весник на општината;
  • го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
  • го обезбедува извршувањето на работите што со закон се пренесени на општината;
  • дава иницијативи и предлози до советот за донесување прописи;
  • го предлага буџетот и годишната сметка на буџетот на општината;
  • го извршува буџетот на општината;
  • избира директори на јавни служби што ги основала општината по пат на конкурс;
  • редовно го известува советот за извршување на своите надлежности во согласност со статутот на општината;
  • решава управни работи за права, обврски и интереси на правни и на физички лица. За извршување на оваа надлежност градоначалникот може да овласти раководен службеник да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува.

 

При раководење на општинската администрација:

  • дава предлог до советот за донесување Одлука за организирање општинска администрација;
  • донесува правилник за систематизација;
  • ја раководи општинската администрација;
  • донесува одлуки за вработување, правата, должностите и одговорностите на вработените, доколку не е определено поинаку со друг закон.