Веќе некое време се работи на асфалтирање и поправка на патиштата во Општина Струга, каде што и денес Градоначалникот на Општина Струга заедно со г. Кадриу и г. Бајрами излегоа на терен за да одблиску ја надгледуваат работата на асфалтирањето и рехабилитацијата на патот во Лабуништа, пат со должина од 1400 метри и со просечна ширина од 6 метри. Овој пат веќе долго време беше проблематичен за жителите на оваа село. Општина Струга во соработка со “Македонијапат“ – допринесоа до оваа инвестиција.
Меѓу другото Кадриу рече дека ваквата соработка со Општина Струга ќе продолжи и за регионалните патишта во општина Струга.
Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга