Денес градоначалникот на Општина Струга се сретна со инвеститотри од Белгија и со директорот на ТИРЗ г. Александар Младеновски.
Градоначалникот ги пречека инвеститорите и им ја претстави Струга како туристички град со голем потенцијал и капацитет за развој на бизнис . Исто така спомна дека во Струга се наоѓа и индустриско технолошката развојна зона која има многу добра локација така што ги опфаќа трите општини : Oхрид , Дебрца и Струга.
Инвеститорот изрази интерес за инвестирање во Општина Струга и сакаше да дознае повеќе за средните училишта и за бројот на ученици .
Градоначалникот Мерко нагласи дека од страна на Општина Струга тие имаат и секогаш ќе имаат поддршка за вакви иницијативи.