vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот  за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015 и 39/16), ја издава следната

О Б Ј А В А
на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

                Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 39/16), до  Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр.03567 од 13.02.2014 година

Подносител на барањето:
ДООЕЛ  ,, ТРАНС АГ
Локација „ КРАСТА“
Адреса:
с.Калишта
Струга

КП бр.706, дел од КП бр.704, дел од КП.бр.705 и дел од КП.бр.699
Координати на локацијата концесиско поле

Точка       Кордината X    Кордината Y
T -1           4.555.826         7.470.624;
T-2            4.555.803         7.470.772;
T-3            4.555.640         7.470.710;
T-4            4.555.641         7.470.682;
T-5            4.555.677         7.470.636;
T-6            4.555.728         7.470.601        

   -Површина          P=0.020849 км2

Контакт лице:
Неат Мусаи
Тел: 070/212294
Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.2  Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини.
Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:
Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА .
Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.
Контакт телефон:  046 781-335

Ве информираме дека Нацрт Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма,  на официјалната web страница на Oпштина Струга:    www.struga.gov.mk

ФОРМУЛАРОТ

Бр.10-4031/6
07.11.2018
 СТРУГА

 

Со почит,
Општина Струга

 

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).