Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 14.02.2019 година, донесе:
Одлука за неспроведување на стратегиска оценa
- Зa планска програма за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) за Урбана Единица 4, дел од Блок 13, КО Струга, Општина Струга, плански период 2018-2023, кој се носи согласно Законот за просторно планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Струга на www.struga.gov.mk.
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на ДУП за Урбана Единица 4, дел од Блок 13, КО Струга, Општина Струга, плански период 2018-2023, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот опфат е предвиден со Генералниот Урбанистички План (ГУП) на општина Струга во населено место.
- Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб странa.
Бр.10 – 680/2
14.02.2019
СТРУГА
ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко