vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Денес, во просториите на општина Струга, шеф на кабинетот г. Дашмир Насуфи го пречека и одржа средба со координаторот на проектот “Зајакнување на социјалната кохезија”, г-дин. Пајтим Саити.
На средбата се разговараше за проектот “Зајакнување на социјалната кохезија”, проект финансиран од УСАИД, кој ќе се имплементира во десет општини во државата.
Целта на проектот е меѓуетничка интеракција помеѓу децата и младите преку спортски активности, вклучувајќи тука елементи на соработка, комуникација, инволвирање на сите, со цел да се надминат бариерите на етничката припадност.
Општина Струга продолжува и понатаму да ги поддржува ваквите активности и проекти. Во наредните денови, градоначалникот заедно со градоначалниците на останатите девет општини ќе потпишат Меморандум за соработка и реализација на активностите на овој проект.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).