Денес, во просториите на Општина Струга градоначалникот Мерко заедно со шефот на кабинетот, а воедно и раководител на Одделението за образование, г. Дашмир Насуфи го пречекаа министерот за образование и наука, г. Арбер Адеми.
На средбата се дискутираше за проблемите со кои се соочува Општина Струга во областа на образованието и за некои проекти кои Општината планира да ги реализира во иднина.
После средбата, градоначалникот Мерко заедно со министерот Адеми ги следеа одблиску градежните работи во новата спортска сала кај СОУ ”Нико Нестор “ каде што беа пречекани и од страна на неколку професори на школото на кои им се даде можноста да му поставуваат прашања и да дискутираат за некои промблематики со министерот.
Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга