vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Денес во просториите на Општина Струга, шефот на кабинетот г. Дашмир Насуфи заедно со Претседателот на Општинскиот совет г.Ресул Каба го пречекаа г. Бернд Ј.Фишер, историчар и професор по историја во Универзитетот на Индијана – Универзитетот Пурдуе Форт Вејн истовремено и советник на албанското кралско семејство.

Средбата беше пријателска и од информативен карактер, со тоа што г. Фишер сподели дел од своето искуство како советник на кралското семејство и како историчар со посебен интерес во периодот кога владеел кралот Зог.

По посетата на Општина Струга и Меѓународниот Универзитет на Струга, г. Фишер задоволен од приемот, вети дека повторно ќе ја посети Струга во блиската иднина.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).