Како резултат на светската пандемија со КоВид-19, која ја зафати и нашата земја, како и поради економските штети кои настанаа од прекинувањето на економската дејност на нашите граѓани и компании (меѓу кои на првата линија на фронтот против оваа закана се постави угостителско-туристичката дејност), во третиот сет мерки се донесоа и одредени одлуки во таа насока.
Една од тие мерки е подршка на секторот туризам и угостителство и на граѓаните со лични примања до 15.000 денари месечно, а сето тоа заради поттикнување на домашниот туризам.
За ова намена се издвоени 10 милиони евра, за граѓаните и туристичкиот сектор, кои ќе може да се искористат од 15 Јули 2020 до 15 Декември 2020 година, со помош на ваучери во вредност од 6.000 денари и платежни картички за купување домашни производи и услуги во вредност од 3.000 денари.
Ваучерите ќе се достават од 10-ти до 13-ти Јуни 2020 година (по електронска пошта), до граѓаните со примања до 15.000 денари месечно, од работен однос, но не повеќе од 60.000 денари за периодот Јануари-Април 2020 година, според евиденцијата на УЈП, за полно работно време.
Секој ваучер гласи на име и презиме на примателот, кој содржи QR код, ваучер код и пин код, а секое лице корисник мора да до покаже ваучерот при користење на услугите и се користи само за една посета.
Ваучерот за туризам може да се искористи кај сите хотели, туристички агенции и сместувачки капацитети (физички лица – даватели на услуги за сместување во категоризирани куќи, станови, апартмани и соби).
На посебно креирана платформа за ова намена (www.domasiedoma.gov.mk), до 10 Јули 2020 година ќе бидат објавени сите даватели на туристички услуги кои се пријавиле да бидат дел од програмата, а овие даватели на услуги можат да се пријават со пополнување онлајн образец преку платформата од 15 Јуни до 30 Јуни 2020 година.
На овој начин, сите граѓани корисници на мерката, многу лесно ќе можат да ги видат сите достапни капацитети за сместување и да одберат каде сакаат да го искористат ваучерот.
Ваучерите за туризам можат да се преземаат многу лесно и без многу процедури и да се испечатат на оваа веб-страница: www.kupuvamedomasno.gov.mk, со внесување на свој ЕМБГ, а Министерството за економија ќе им испрати ваучер на и-меј адреса на граѓаните, таа и-мејл адреса која е доставена до УЈП.