vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување 10 (десетта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 10 (десетата) седница на Советот на Општина Струга, за 19.05.2022 год. (четврток) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од осма седница на Советот на општина Струга.

  1. Квартален извештај, прв квартал 2022 година на Општина Струга,
  2. Прв квартален извештај за работењето на ЈП „Октиси“ – с.Октиси за 2022 година,
  3. Извештај за работата на ЈКП„Хигиена“-с.Лабуништа, за период од 01.01.2022 до 31.03.2022 година,
  4. Извештај за работата на ЈП „Еко Струга“ – Струга, прв квартал 01.01-31.03.2022 година,
  5. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за определување на јавни паркиралишта за зонско паркирање на подрачјето на град Струга,
  6. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот во Биро за регионален развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за развој на селата,
  7. Предлог – Одлука за финансиско учество на повикот во Биро за регионален развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за развој на селата,
  8. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот во Министерство за локална самоуправа на РСМ за 2022 година за предлог проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност,
  9. Предлог – Одлука за кофинансирање проекти на повикот во Министерство за локална самоуправа на РСМ за 2022 година за предлог проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност,
  10. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот во Биро за регионален развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби,
  11. Предлог – Одлука за кофинансирање проекти на повикот во Биро за регионален развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби,
  12. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот во Биро за регионален развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој,
  13. Предлог – Одлука за кофинансирање проекти на повикот во Биро за регионален развој на РСМ за 2022 година за предлог проекти за развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој,
  14. Предлог – Одлука за финансиско учество на проекти на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2022 година за „Реконструкција на фасада, покрив и столарија во ОУ Климент Охридски с.Мороишта“ и „Реконструкција на ѕидови, кров, под и столарија ОУ Бафтијар Бануши с.Заграчани – Струга,
  15. Предлог – Одлука за финансиско учество од 900.000 денари на проектот Одржлив и инкузивен рамномерен регионален развој финансиски подржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарска Агенција за развој и соработка за 2022/23 година за селектираниот проект „Реконструкција на ЈЗУ Завод за нефрологија-Струга и креирање на услови за здравствен туризам во Југозападен плански регион“,
  16. Предлог – Одлука за вршење на авто такси превоз на патници на подрачјето на Општина Струга,
  17. Предлог – Решение за именување членови на управен одбор во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа,
  18. Предлог – Решение за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа,
  19. Предлог – Одлука за давање на времено користење на недвижна ствар
  20. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ООУ „Гоце Делчев“-с.Подгорци за учебната 2022/2023 година,
  21. Предлог – Заклучок за утврдување Измена и дополна на Детален урбанистички план, дел од УЕ4, дел од блок 12, КО Струга, Општина Струга – Нацрт План
  22. Годишна сметка на Центар за развој на југозападен плански регион за 2021 година

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материли од 10-та седница

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).