vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен весник на Република Македонија бр.27/14,199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19 и 14/20) и член 11-к од Законот за пожарникарството (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19), Градоначалникот на Општина Струга објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 за унапредување на 1 (еден) овластен службеник во областа на безбедноста

Општината Струга има потреба од унапредување на 1 (еден) овластен службеник во областа на безбедноста за следното работно место:

1.а)-реден број 182, шифра-ПОЖ0210Б04000,назив на работно место Командир на одделение на ТПП единица, број на извршители -1 (еден);

б)-општи услови:

-кандидатот да е државјанин на Република Северна Македонија,

-да е полнолетен,

-да има општа здравствена способност за работното место,

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност и

– активно да го користи македонскиот јазик;

-општи работни компетенции на основно ниво:

– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,

– учење и развој,

– комуникација,

– остварување резултати,

– работење со други/тимска работа,

– стратешка свест,

– ориентираност кон засегнати страни- (проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју),

– раководење.

в)посебни услови:

стручни квалификации: ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование,

работно искуство: најмалку 3 (три) години во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Македонија како работен стаж;.

– други посебни услови:

– сертификат за стекната квалификација пожарникар;

– сертификат за положен стручен испит за раководител на акција за гасење пожар и спасување на луѓе и имот, (Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од 3 месеци од распоредувањето на работното место, да се стекне со сертификат за положен стручен испит за раководител на акција за гасење пожар и спасување на луѓе и имот).

г) распоред на работно време: дневно работно време- работа во две смени од 07 часот до 19 часот и од 19 часот до 07 часот, 40 часовно -неделно работно време;

д) паричен нето износ на плата: 18.000,00, денари;

Кандидатот за унапредување треба да ги исполнува општите услови и посебните услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Општина Струга, како и:

  • бил оценет со оцена “А“ или “Б“ на оценувањето во годината пред унапредувањето,
  • ги исполнува работните компетенции предвидени за работното место на кое се унапредува,
  • е распореден на ниво непосредно пониско од нивото на кое се унапредува,
  • поминале најмалку две години од неговото последно унапредување, и
  • во последната година не бил казнуван поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон.

2.а)- Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на интерниот оглас на веб страната на Општина Струга, нерачунајќи го денот на објавувањето.

Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса -Општина Струга, Плоштад “Мајка Тереза“ б.б. Струга.

Пријавата за вработување треба да содржи:

-податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница)

– кратко мотивациско писмо;

-кратка биографија;

-изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување за секој услов одделно;

-изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување за секој услов одделно;

-изјава за исполнување на други посебните услови за работното место со наведување за секој услов одделно.

Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следнава потребна документација:

– Уверение за Државјанство на РМ (оригинал или заверено на нотар).

– Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар ).

– Извод од историјатот на вработување од Центарот за вработување, како доказ за работното искуство (оригинал или заверен на нотар ).

-Лекарско уверение како доказ да има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува (оригинал),

– Уверение за со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност,

– сертификат за стекната квалификација пожарникар,

– сертификат за положен стручен испит за раководител на акција за гасење пожар и спасување на луѓе и имот, (Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од 3 месеци од распоредувањето на работното место, да се стекне со сертификат за положен стручен испит за раководител на акција за гасење пожар и спасување на луѓе и имот, издаден од овластена институција, во спротивно му престанува вработувањето).

б)- постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите, проверка на веродостојност на доказите и интервју.

Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.

По проверката на веродостојност на доказите, се закажува и врши интервју.

Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа.

По спроведената постапка на селекција, се прави ранг-листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.

Од ранг-листата се избираат онолку кандидати со припадност на заедница согласно со одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор.

Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена.

Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето.

3. Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи.

https://www.struga.gov.mk/wp-content/uploads/2022/08/Pozharna-Scan.pdf

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).