Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 25 (дваесет и петтата) седница на
Советот на општина Струга
Ја свикувам 25 (дваесет и петтата) седница на Советот на Општина Струга, за 28.07.2023 година (петок) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Записник од дваесет и трета седница на Советот на општина Струга.
– Записник од дваесет и четврта седница на Советот на општина Струга.
– Записник од втора вонредна седница на Советот на општина Струга.
- Годишен план за вработување во ООУ „Зини Хани“ – с.Велешта за 2024 година.
- Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица за 2024 година.
- Годишен план за вработување во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за 2024 година.
- Годишен план за вработување во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за 2024 година
- Предлог – Одлука за намера за реализација на проект со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП).
- Барање од Голден Фист.
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.
- Одлука за утврдување на работното време на вработените во ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши
