CОOПШТЕНИЕ за кандидатите за селекција за вработување на административен службеник по Интерен Оглас на Општина Струга
Врз основа на член 8-а став (1) алинеја 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 42/20, 74/21, 215/21, 58/24 и 76/24), а согласно Решението за распишување на избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 167/2025), започнатите постапки за вработување на административни службеници се ставаат во мирување.
Општина Струга имаше објавен оглас 04/2025 во wеб страна на Агенција за администрација и wеб страна на датум 08.08.2025, а за истиот е пратен корекција на 11.08.2025 година . За продолжување на постапките за повторно објавување на Интерниот Оглас и продолжување на постапката за селекција на кандидати за вработување на административни службеници, Општина Струга во согласност со Агенцијата за администрација ќе донесе посебно решение.

