vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници (,,Службен весник на РМ,, бр.27/14, 199/14 , 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија 275/19, 14/20, 215/21, 99/22 , 208/2024, 114/25,252/25,266/25), Градоначалникот на Општината Струга, донесе

Одлука
за не вршење на избор на административен службеник по пат на
интерен оглас бр.01/2026

  1. УПР0101Б02000 co шифра на работно место Раководител на сектор. во Сектор за финансиски прашања – 1 (еден) извршител , НЕ СЕ ВРШИ ИЗБОР.
  2. Оваа одлука стапува на сила по објавување на веб страната на Општина Струга.

О б р а з л о ж е н и е

Општина Струга спроведе постапката за унапредување на административен службеник за извршување на работите од став 1 на оваа Одлука, преку објавен интерен оглас бр. 01/2026.
Интерниот оглас беше објавен на веб страната на општина Струга и на Агенцијата за администрација на ден 11.03.2026 година.
Со решение број 04-1433/8 од 16.03.2026 година формирана е Комисија за селекција за унапредување по интерен оглас бр.01/2026, која ја спроведе постапката за административна селекција на кандидатите за унапредување. По спроведената постапка, Комисијата за селекција за унапредување изготви Записник од административна селекција за интерен оглас, број 04-1433/10 од 23.03.2026 Комисијата констатирала дека на огласот на горенаведенто место се пријавени вкупно 1 кандидати од кои 0 уреден кандидат и 1 неуредни кандидати. Како причина за неуредност се наведува дека кандидатот не исполнува посебните услови во делот на на образование односно не соодветно вид на образование.
Врз основа на горенаведеното не се изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа Одлука незадоволниот кандидат може да изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната на Општина Струга.

Доставено до:

  • кандидатот,
  • Архива
  • Одделение за управување со човечки ресурси

Одлуката

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Менди Ќура

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).